Mercedes го испорача четиримилионитиот теренски модел

Mercedes продолжува со спектакуларни бројки на раст во продажбата. Марката од Штутгарт никогаш во историјата не продала повеќе автомобили во август, над 156 илјади. Најголема заслуга за тоа има за 40 проценти пораснатата продажба на спортски теренци. Во меѓувреме Mercedes го испорача и четиримилионитиот примерок од својата понуда на теренски модели.

Во текот на август, Mercedes испорача над 156.000 возила или за 11,8 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Голем дел од тоа се должи на порастот во продажбата на теренски модели за 40 проценти. Никогаш во историјата Mercedes нема продадено повеќе возила отколку во минатиов август. Има повод и за два јубилеја: Испорачани се над четири милиони спортски теренци и 15.000 примероци од Mercedes-Maybach.

Mercedes бележи контуиниран раст во продажбата, месец по месец, во изминативе три и пол години. Од јануари до август се продадоа 1.326.635 возила, за 11,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани, што е нов рекорд.

Сосема очекувано, постои голем интерес за новата E-Class, од којашто во август се испорачани околу 17.000 примероци. Бројката ќе расте во следниот период, откако ќе стартува продажбата во Кина и во салоните ќе се најде и комби изведбата од E-Class.

Mercedes S-Class уште од почетокот на годинава е најпродавана луксузна лимузина во светот, за што придонесува и суперлуксузната изведба Mercedes-Maybach S-Class. Откако продажбата стартуваше во минатата година, досега се испорачани над 15.000 примероци од оваа моделска изведба низ светот. Кај теренците, најголем интерес во август постоел за GLA и GLC. Денес марката со сребрената ѕвезда продава двапати повеќе теренски модели отколку во 2011 година.

Продажба на Mercedes-Benz Cars

  Август Промена во % До август Промена во %
Mercedes-Benz 156.246 +11,8 1.326.635 +11,7
smart 7.631 +20,8 91.708 +17,9
Mercedes-Benz Cars 163.877 +12,2 1.418.343 +12,1
         
Продажба на Mercedes-Benz по региони        
Европа 56.809 +12,9 570.380 +12,3
– Германија 23.530 +11,9 190.829 +7,4
Азија / Пацифик 61.605 +20,1 465.085 +21,2
– Јапонија 4.752 +3,1 41.917 +0,9
– Кина 41.072 +25,4 298.348 +31,1
НАФТА 33.033 +1,4 255.730 +0,9
– САД 28.404 +0,1 219.704 -0,5

 

Претходна објаваГо познавате овој модел на Alfa Romeo?
Следна објаваOsram разви халогенска светилка што трае четирипати подолго

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here