за

Osram разви халогенска светилка што трае четирипати подолго

На саемот за автомобилска постпродажба, прибор и услуги Аутомеханика во Франкфурт, специјалистот Osram ја претстави новата серија халогени светилки со високи перформанси. Усовршената технологија на Ultra Life овозможува светилките да траат до 100.000 километри, односно четирипати подолго во споредба со стандардните халогени светилки.

Специјалистот за осветлување Osram ја претстави новата генерација на серијата од светилки со високи перформанси којашто се состои од три модели на светилки – Night Breaker Laser, Xenarc Ultra Life и Ultra Life. Заедничко за сите производи од оваа серија е спојот на зголемена моќ на осветлување и продолжена трајност на светилките.

Основниот модел во серијата е Night Breaker Laser, којшто во споредба со стандардните халогени светилки за автомобилски светла испорачува до 130 проценти посилна светлина и до 20 проценти повеќе бела боја во спектарот на осветлување. Osram ветува и до 40 проценти подолг светлосен сноп за Night Breaker Laser, којшто нуди спој од иновативен дизајн и напредна технологија.

osram-night-breaker-laser-2

Вистинските моќници се во серијата халогени светилки Ultra Life. Преработената серија се одликува со четирипати подолго времетраење отколку стандардните светилки, што значи дека издржува и до 100.000 километри во автомобилот. Долготрајноста е белег и на светилките за ксенонски светла Xenon Ultra Life. Исто како халогените светилки од серијата Ultra Life, новата ксенонска верзија се одликува со четирипати подолго времетраење од стандардна ксенонска светилка, односно издржува и до 300.000 километри во нормални услови на возење.

Новитет е серијата диодни светилки за осветлување на кабината LEDambient-Connect. Овие светилки се поврзуваат со мобилниот телефон преку блутут и можат да светат во боја што ќе се избере преку бесплатната мобилна апликација LEDambient Connect App, како и да пулсираат во ритамот што ќе се избере преку оваа апликација достапна за iOS и Android.

osram-led-ambient-connect

Производите на Osram се достапни во сменета амбалажа. Боите на амбалажата им укажуваат на корисниците на карактеристиките на одделните светилки: Портокалова и бела боја се за оригинални светилки за фабричко вградување, зелена за долготрајни светилки, сина за дизајнерски, црвена за моќност и црна за иновативна технологија. На саемот Automechanica во Франкфурт се наоѓаат и производите од подмарката Neolux, со којашто се покрива ценовното подрачје под понудата на производи на Osram.

[FAG id=25488]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes го испорача четиримилионитиот теренски модел

Peugeot 5008 доаѓа со електричен велосипед во багажникот