Mercedes меѓу радио станиците

Mercedes може да се вози, а отсега може и да се слуша на радио. Марката со ѕвездата отвори дигитална радио станица со 24-часовно емитување и на англиски јазик.

Радиото на Mercedes може да се слуша преку апликација за таблет и мобилен телефон, преку вебплејер, и секако, преку мултимедискиот систем Comand Online што е достапен како дополнителна опрема во моделите на Mercedes. Програмата на Mercedes-Benz Radio вклучува редакциски прилози, добра музика и содржински соработки со избрани партнери. Во прилозите се претставуваат новите возила и студиите од сите моделски серии, има и директни репортажи од настаните на кои што е присутна марката. Покрај тоа се обработуваат и теми од туризмот, културата, спортот, модата и животниот стил.

Уредниците на програмата се потрудиле да ја зголемат привлечноста на радио станицата и како што можевме и лично да се увериме во неколкуте часови, програмата е ослободена од рекламниот карактер што обично ги следи сличните радио станици на автомобилските марки.

Повеќе детали за програмата на http://www.mercedes-benz-radio.com/

Претходна објаваСедум први места за квалитетот на возилата на Toyota
Следна објаваШефот потврди: Теренецот од Rolls Royce доаѓа наскоро

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here