за

MAN испорачал 800 хибридни автобуси во десет држави

MAN градски автобуси со хибриден погон
MAN градски автобуси со хибриден погон

Од 2010 година, градските автобуси MAN Lion City Hybrid се испорачани во десет држави. Од Минхен, преку Милано, до Мадрид, во градовите што се грижат за зачувување на квалитетот на воздухот денес сообраќаат околу 800 автобуси на MAN со две срца.

Само во периодот меѓу јануари 2018 и април годинава, специјалистот од Минхен испорачал 200 примероци од бестселерот Lion City Hybrid. Во меѓувреме е претставен уште еден хибриден систем, кој исто така овозможува намалена емисија и потрошувачка, но со поевтина техника. Станува збор за благ хибрид, односно за вградување стартер-алтарнатор и дополнителна „батерија“ на покривот, односно во случајов тоа е суперкондензатор.

Првите градски автобуси од овој тип стартуваа на 25-ти мај 2010 година во Минхен. Денес, тие возат во Мадрид, Барселона, Виена, Варшава, Дрезден, Нирбнерг, Париз, Милано, Волфсбург, Либек и други градови. Најмногу хибридни автобуси на MAN возат во Франција (околу 300) и во Шпанија (околу 200).

Благ хибриден погон одговара особено за условите на градскиот превоз; Суперкондензаторите се поставени на покривот

Новитет е тоа што новиот дизел D15 или верзијата на метан од моторот E18 може да се изведат како благ хибрид. Стартер-генераторот, односно електромотор, ја претвора механичката енергија при сопирањето во електрична и подоцна ја користи истата, како помош за моторот при поаѓање или забрзување. Повратената енергија се акумулира во Ultracap-системот на покривот. Дополнително, овие верзии на автобусот поседуваат и систем старт-стоп, кој функционира исто како кај автомобилите, односно целосно го гасне моторот при мирување на постојка или на семафор. Системот е проектиран за 2,6 милиони стар-стоп циклуси на годишно ниво.

Новата хибридна опција очекувано привлекува огромен интерес. Барселона нарача 30 автобуси со благ-хибриден погон, австрискиот Линц ќе добие 88, додека за Штутгарт ќе заминат 50 градски автобуси со новата хибридна технологија на MAN.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mecedes cla shooting brake fabrika

Започна производството на Mercedes CLA Shooting Brake

autodoc онлајн продажба автомобилски делови

Онлајн-трговец со резервни делови направил 415 мио. € промет лани