за

Онлајн-трговец со резервни делови направил 415 мио. € промет лани

autodoc онлајн продажба автомобилски делови
autodoc онлајн продажба автомобилски делови

Најголемиот онлајн-трговец со автомобилски делови Autodoc, во минатата година постигнал петкратно зголемување на заработката и зголемување на прометот за 63 проценти.

Autodoc, водечкиот онлајн трговец со резервни делови за автомобили во Европа, во 2018 година го зголемил прометот за 63 проценти, на 415 милиони евра. Во компанијата ценат дека успехот се темели на јасната посветеност кон потрошувачите, како и на брзото дејство на онлајн-маркетингот, чијашто заслуга е зголемувањето на прометот на сите 26 европски пазари што ги покрива Autodoc.

На каналот на јутјуб на компанијата се објавени околу 1.600 видеа на коишто се објаснува поправката на одреден дефект или се објавуваат совети за возачи. На веб-сајтот лани имало 346 милиони посетители, што е голем раст во споредба со една година претходно, со 211 милиони посетители. Околу 7,7 милиони активни корисници направиле најмалку една нарачка во 2018 година. За тековната година се очекува прометот да надмине 600 милиони евра.

Autodoc постои единаесет години. Компанијата со седиште во Берлин за тоа време прерасна во најголем онлајн-трговец со резервни делови во Европа. Понудата моментно се состои од 2,5 милиони резервни делови од 545 производители за 128 автомобилски марки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

MAN градски автобуси со хибриден погон

MAN испорачал 800 хибридни автобуси во десет држави

mercedes, полнач за електрични автомобили

Топ 10 Заблуди и митови околу електричните автомобили