Електро-пикапот на Lordstown на прием во Белата Куќа

Електро-пикапот на Lordstown премиерно во Белата Куќа

Претседателот Трамп кажа големи пофални зборови за компанијата и за нејзиниот електричен пикап. Тој е посебно задоволен со вработувањата што Lordstown ги создава во истоимениот град во сојузната држава Охајо.

Актуелното поглавје со Lordstown Motors почна кон крајот на 2019 година, кога компанијата ја презеде фабриката на General Motors во Лордстаун, град во државата Охајо. Според соопштението од Белата Куќа, претседателот Трамп имал важна улога за фабриката на General Motors да не се затвори, туку да се продаде. На тој начин се овозможи „илјадници работници напуштени од GM“ да ги задржат своите работни места.

По деталното разгледување на електричниот пикап Lordstown Endurance во дворот на Белата Куќа, претседателот покажа особено задоволство од возилото и од исходот на неговото залагање за фабриката во Лордстаун да не се затвори. Првите примероци од пикапот на струја ќе се произведат уште есенва. Според производителот, за Endurance досега се примени над 40.000 нарачки.

Lordstown Motors остава мошне сериозен впечаток, наспроти Nikola Motor, стартап-компанија за којашто имаше силни критики неодамна. Фабриката во Лордстаун со површина од 576.000 метри квадратни е доволно голема за во неа да се одвива големосериско производство.

Наскоро се очекува премиера на електричниот пикап на Ford, како и на Tesla Cybertruck и на GMC Hummer EV, Rivian R1T, Nikola Badger и други модели

Секако дека е голем поттикот што компанијата го доби со претседателскиот прием. Заменик претседателот Мајк Пенс присуствуваше на официјалната премиера на Endurance што се одржа на 25-ти јуни. Електричниот пикап располага со моќност од над 600 КС, од четири електромотори што се поставени веднаш покрај тркалата. Досегот изнесува 250 милји, односно над 400 километри, додека дозволената тежина на приколка изнесува 3.400 килограми.

Цената на Lordstown Endurance во САД се очекува да стартува од 52.000 долари, односно околу 45.000 евра. Тоа е повисока цена наспроти популарните пикапи со обичен мотор, но производителот ветува дека нивниот Endurance носи заштеда, поради пониските трошоци за одржување и пониските оперативни трошоци на погонот на струја.

>>> Трамп бара GM да ја врати во погон фабриката во Охајо

Претходна објаваТест · Haval H6 2.0 Supreme
Следна објаваКанадски Walmart тројно ја зголеми нарачката за камионот на Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here