за

Овој Lexus е лето

Lexus LC Cabriolet
Lexus LC Cabriolet

Летото можеби и нема да биде во најдобра форма годинава, но постојат автомобили на коишто не им е потребно многу сонце за да донесат расположение. Lexus LC Cabriolet, на пример.

Кабриолетите секогаш привлекуваат внимание. Причината за тоа не мора секогаш да биде дама зад воланот, туку загледувањето честопати е поради будењето на желбата за возење без покрив. Несомнено дека тоа е привилегија, кога се чини дека летото како да е измислено и создадено само заради возењето под отворено небо.

Lexus LC Cabriolet е мошне префинета форма за уживање во возењето по убаво време, можеби и најпрефинета – иако автомобилот ги поседува сите „заштити“, за тој да биде употреблив и по дожд и по снег.

Техно-фанатиците на јапонската марка секако дека не останаа без ангажман или без идеја при работата врз отворената каросериска изведба на LC. Во кабината е вграден сензор што ја приспособува силината на дувањето на климатизацијата, зависно дали покривот е спуштен или е подигнат. Заедно со интензитетот, притоа се приспособува и температурата на воздухот од климата, како и распределбата на струењето на воздухот, зависно од аголот под којшто паѓаат сончевите зраци, од надворешната температура и од брзината на возење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За попријатно чувство, во потпирачите за глава е вграден канал за воздух, што по потреба доведува топол воздух околу вратот, преку системот за проветрување на седиштето. Возачот и совозачот можат да бираат меѓу автоматска регулација и три мануелни степени на дување. Тоа е дел од јапонската традиција на гостопримливост, во оригинал „омотенаши“. Во исто време, климатизацијата малку ја подигнува воздушната струја околу воланот, заради греење на дланките на возачот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Интелигентната автоматска клима на Lexus е посебно дотерана за кабриолетот и ја оптимира работата на клима-уредот, греењето на седиштата и на вратот, како и на воланот. Ако совозачкото седиште е празно, таму се исклучува климатизацијата.

Аеродинамичноста на каросеријата е приспособена за воздушното струење да не им ја попречува комоцијата на патниците

Работ на каросеријата што се спојува со линијата на поклопецот на багажникот не е изведен така само заради естетика, туку има и мошне конкретна функција. Целиот тој склоп, заедно со точно избраната висина и аголот на поклопецот на багажникот, имаат за цел да го спречат вртложењето на воздушни струи во кабината. Lexus стандардно вградува ветерна брана зад задните седишта, со којашто вртложењето се смалува за 20 проценти. Патниците можат да разговараат без потреба од „повишување на тонот“ дури и при 60 километри на час.

New photo by Automedia MK / Google Photos

При повисоки брзини, на дело се покажува дополнителната ветерна брана што се испорачува како опција. Таа ги забавува воздушните струи за 67 проценти при 100 km/h. Инженери на Lexus тестираа најразлични перфорации на мрежа, додека го најдат најдоброто решение. Тука пак се покажува на дело јапонскиот инженеринг: Ветерната брана не мора да се отстранува кога се затвора покривот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Lexus RX450h
Lexus RX450h

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLB е помладиот брат на G-Class

Mercedes GLB е најмладиот брат на G-Class: Почнува продажбата

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса