за

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса
Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса

Најголемиот независен дилер на автомобили во Обединетото Кралство воведе услуга за испорака на домашната адреса, веднаш откако во земјата беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата. Изненадувачката вест е тоа што компанијата во овие неколку месеци испорачаа повеќе од 1.000 автомобили и лесни доставни возила.

Британците најчесто нарачувале Fiat 500 за „домашна испорака“, по цена од 7.699 фунти за модел од 2019 година, односно за помалку од 8.600 евра, во високото ниво на опрема Lounge, во комбинација со 1,2-литарскиот мотор. Според тоа, малечкиот ретро-мобил од италијанската марка е автомобилот што најчесто бил доставуван пред домашниот праг во услови на корона-кризата.

По популарност, следат Ford Fiesta и Opel Corsa. Рационалните Британци повеќе се ориентирале на автомобилите од пониските класи, во овие времиња. Меѓу останатите модели што се испорачале во најголем број се Hyundai i10, Kia Picanto, Nissan Micra, Toyota Aygo и Volkswagen Up.

Меѓу топ-автомобилите за домашна испорака има и премиум модели, од типот на серијата 1 на BMW, па дури имало нарачки и за моделот од средната класа на Баварците. Најпродаваните 10 модели на Моторпоинт, преку онлајн-нарачка и испорака до дома се:

  1. Fiat 500
  2. Ford Fiesta
  3. Vauxhall Corsa
  4. BMW 1 Series
  5. Nissan Juke
  6. BMW 3 Series
  7. Nissan Qashqai
  8. Hyundai i10
  9. Renault Captur
  10. Ford Focus

Од компанијата ценат трендот на преоѓање на автомобили од пониските класи ќе се задржи уште извесно време, додека луѓето поради пандемијата патуваат помалку и често работат од дома. Купувачот сам го одредува времето за достава на возилото. Дополнително постои и 14-дневен период со можност за враќање на возилото, доколку корисникот е незадоволен.

Моторпоинт располага со лагер од повеќе од 5.000 „млади“ користени автомобили и доставни возила со ниска километража од преку 30 марки. Компанијата нуди и гаранција за цена, односно на купувачот ќе му изврши поврат на разликата во цената, доколку тој најде понуда за истата моделска изведба по пониска цена. Дополнително, во тој случај купувачот ќе добие и ваучер во вредност од 50 фунти за користење на Амазон.

Порше Македонија исто така воведе услуга за преземање на возило за сервисирање од дома. Повеќе за тоа на следната врска:

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома
Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LC Cabriolet

Овој Lexus е лето

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира