Липмотор ја удвои продажбата, води меѓу кинеските стартапи

Кинескиот партнер на Стелантис продолжува со силен пробив на домашниот и на странските пазари. Испораките во второто тромесечје пораснале близу двапати.

Липмотор Ц10 на салонот во Брисел во почетокот на годинава

Липмотор во јуни испорачал 93.376 возила на домашниот и на извозните пазари, со што изби на прво место меѓу кинеските старт-ап производители на електрични и хибридни возила, пред Нио, Шаоми, Зикр и Ли Ауто.

Липмотор ја забрзува продажбата, во време кога голем дел од големите кинески производители се соочуваат со потешкотии, како на домашниот пазар, така и на извозните пазари. Кинескиот партнер на Стелантис, што допрво започнува со вистински пробив на пазарот во Европа, со поддршка на концернот на Фиат и Пежо, во јуни постигна раст од 95% во испораките, со вкупно 93.376 возила на светскиот пазар.

Тоа нов месечен рекорд за Липмотор, производител што е специјализиран за класични батериски електрични модели (БЕВ) и батериски електрични автомобили со продолжувач на досег (РЕЕВ), односно генератор што обезбедува спокојно продолжување со возењето откако ќе се испразни батеријата. Во споредба со мај, продажбата во минатиот месец пораснала за близу 15 проценти.

Со оваа продажба, Липмотор стана водечки кинески стартап со т.н. НЕВ-возила, кусо од Ново-Енергетски-Возила, односно БЕВ и РЕЕВ, со двојно повисока продажба од Нио, Шаопенг (по околу 40.000 возила во јуни), Ли Ауто, Шаоми, Дипал, Аион, Зикр и Аито (Хуавеј-Серес).

Со постојаниот раст, испораките во второто тромесчје достигнале 246.332 возила, што претставува зголемување од 83,68% во споредба со истиот период лани. За шест месеци, испораките достигнале 356.487 возила, вклучувајќи го извозот, а тоа е 95% над првото полугодие лани. Липмотор со тоа е лидер меѓу кинеските НЕВ-стартапи и во првите шест месеци од 2026 година.

Липмотор Б10

Липмотор во јуни надмина 1,5 милион испорачани возила

На извозните пазари се испорачани за 12% повеќе возила во споредба со првото полугодие лани, со што се потврдува успешниот пробив на Липмотор и на глобалната сцена.

Европа добива сé поширока понуда од модели, покрај големиот СУВ-модел Ц10 и градското мини Т03. Силен пробив се очекува од Б10, електричен и РЕЕВ-модел во сегментот на компактни СУВ, најпродаван сегмент во Европа, каде што Липмотор нуди електричен модел, по цена што е дури и пониска од споредлив модел од традионалните производители со обичен погон.

Во текот на неделава се очекува и службено одбележување на почетокот на продажбата на Липмотор на македонскиот пазар. Увозникот Автонова, веќе имаше одличен старт со Липмотор на салонот за автомобили во Белград. За време на салонот беа продадени сите изложени возила, за што помогна и фактот што соседите имаат солидни субвенции за потпомагање на купувањето електрични и РЕЕВ-возила.

Со македонските цени, Липмотор ветува уште една пресвртница од кинеските марки. Многу се полага токму во СУВ-моделот од компактната класа, Б10, којшто со електромотор во комбинација со генератор стартува од 26.490 евра.

Претходна објаваВолво продаде над 170.000 возила во второто тромесечје, голем раст кај електричните модели
Следна објаваГерманците повеќе купуваат електрични автомобили отколку дизели и бензинци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here