
Германија бележи рекорди во бројот на новорегистрирани електрични автомобили во првото полугодие. Оваа пресвртница се случува во време на големи политички и економски промени, но е резултат и на напредокот на техниката и на новите модели со достапна цена.
Германскиот пазар имаше зголемен раст во продажбата на нови автомобили во првото полугодие од 2026 година. Од јануари до јуни, регистрирани се 1.484.393 патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе од истиот период лани.
Како главен двигател за овој раст се покажаа батериските електрични автомобили (БЕВ). Само во јуни, во земјата се регистирани за 78,2 проценти повеќе БЕВ, отколку лани. Со 84.057 возила во јуни, нивниот удел во вкупниот пазар се искачи на 28,4 проценти.
Во јуни во Германија се регистрирани 296.378 нови автомобили, за 15,7% повеќе од истиот месец лани. На приватни купувачи отпаѓаат 36,6 проценти од вкупната продажба, преостанатите близу две третини се службени возила.
Вкупно во првото полугодие во земјата се регистрирани 1.484.393 нови автомобили, што претставува раст од 5,8 проценти.
Од германските марки, најмногу напреднала смарт со 176,3 проценти раст, но нејзиниот пазарен удел од 0,3 проценти е речиси незначителен. Следи Мини со +59,7 проценти и удел од 1,7 процент. Премиум марките БМВ и Ауди постигнаа двоцифрен раст, со +18,6 %/удел 8,8 % и +17,1 %/удел 6,4 % соодветно.
Добро напредуваше и Мерцедес-Бенц со продажба зголемена 5,9 проценти и учество од 8 проценти во вкупната продажба. Наспроти тоа, кај Опел и Порше има пад од 14,8 % и -3,6 % соодветно. Првото полугодие им донесе позитива на смарт (+116,3 %), Мини (+39,0 %), Опел (+14,5 %), Ауди (+8,9 %) и БМВ (+6,5 %). На Фолксваген секако му припаѓа врвот, со пазарен удел од 18,4 проценти.
Кај странските марки со удел над 2 проценти, значително порасна Тесла, со +317,6 проценти, по што следи БИД со +273,7 проценти. Двоцифрен раст имаат и Сеат (+31,0 %), Рено (+30,8 %), Шкода (+23,5 %), Дачиа (+22,1 %), Фиат (+20,5 %) и Киа (+16,9 %). Најголем удел постигнува Шкода, на којашто ѝ припаѓаат 8,6 % од пазарот.
Најчеста каросериска форма се СУВ, на коишто отпаѓаат 37,5 проценти од пазарот. Кај нив, продажбата напредувала 26,9 проценти во јуни. Вториоти најпродаван сегмент се градските автомобили со удел од 12,9 проценти, малку заостануваат компактите со 12,7 проценти и пад од 5% во јуни.
Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж
Во јуни се регистрирани далеку над 80.000 батериски електрични автомобили
Во минатиот месец, 84.057 нови електрични возила добиле германска регистрација. Во споредба со лани, тоа е раст од 78,2 проценти. Тие учествуваат со 28,4 проценти во јунската продажба.
Вкупно во првото полугодие, БЕВ бележат раст од 48 проценти од лани. Хибридите имаат 115.527 нови сопственици. Нивниот удел изнесува 39 проценти, но тука се вклучени и 32.212 приклучни хибриди. Растот кај хибридите достигна 9,8 проценти до јуни, кај приклучните хибриди се 25,8 проценти.
Бензинците имаат пад во регистрациите од 16,8 проценти, со удел од 20,5 проценти од пазарот. Паѓаат и дизелите, со 5,1% во минус и удел од само 11,4 проценти.
Просечната емисија од новорегистираните автомбоили во Германија до јуни изнесува 98,4 грами ЦО2 на километар и со тоа е намалена за 10,3 проценти во споредба со првото полугодие лани.















