Липмотор, специјалист за електрични возила, за чијашто продажба, сервисирање и логистика надвор од Кина се грижи партнерот Стелантис, веќе има отворено 1.000 продажни центри ширум Европа.
Европа учествуваше со 27 проценти во испораката на возила на Липмотор во август и тоа е досега најголемиот удел што производителот на електрични авотмобили го има постигнато во извоз на своите возила.
Липмотор јави дека во септември ја надминал звучната бројка од 1.000 продажни салони ширум Европа. Разгранетата продажно сервисна мрежа е од клучно значење, додека „15-та марка“ на Стелантис забрзано ја проширува својата понуда од модели.
Со 1.020 салони досега, покриени се 80 проценти од европската почва. Како што стои во соопштението од производителот, тоа е постигнато преку „стратешката заедничка компанија Липмотор Интернејшенел со Стелантис, што на марката ѝ даде пристап до широката и позната продажна и сервисна мрежа на Липмотор во Европа.“
Оваа соработка придонесе за завидниот раст на Лимпотор на европскиот пазар, придонесувајќи за клиентите да стекнат доверба во марката. Ништо помалку не е заслужна примерната техника на електричниот погон на Липмотор, којашто од една страна наиде на високи оцени од специјализираните новинари, а од друга страна на задоволство од купувачите, што ги пренесуваат искуствата во својот круг на познајници и пријатели.
Липмотор во моментов е присутен во 36 европски држави, од Исланд на запад, до македонскиот сосед на исток, секако вклучувајќи ја Македонија од летово. Најновите салони се отворени во Норвешка и ширум Балканот, а до завршетокот на годинава претстојат уште бројни салони.
Од фабриките на Липмотор во август излегоа рекордни 103.129 возила. Втор месец во низа, производителот надминува 100.000 возила.
Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)
















