Lamborghini на својствен начин го одбележа достигнувањето на бројката од 20 милиони следачи на инстаграм. Стефано Доменикали, шефот на марката од Сант Агата Болоњезе испрати честитки, објавувајќи на твитер негова фотографија покрај двата најнови модели на Lamborghini, Aventador SVJ и Huracan Evo.
На профилот на Lamborghini на инстаграм се појави посебна објава во чест на 20-те милиони следачи, со фотографија од Huracan Evo и #20million напишано на неговата таблица.
Посебен момент беше можноста фановите да ја добијат истата фотографија од опашот на Huracan Evo, но без славеничкиот натпис, за тие сами да го напишат своето име или порака на фотографијата и да ја објават на својот профил на инстаграм.
Lamborghini го отвори профилот на инстаграм во мај 2012 година. Во изминативе помалку од седум години, Lamborghini добиваше во просек по три милиони нови следачи годишно.
https://www.instagram.com/p/ByX83aPlXU2/
Mercedes достигна една милијарда допаѓања на инстаграм
Lamborghini го отвори и петтиот салон во Швајцарија
Исчезнатиот Lambo од „Италијанска работа“ се појави на сцената
Lamborghini Urus донесе рекордна бизнис година во Сант Агата
















