за

Кинеската влада ги следи електричните автомобили

кина надзор електрични автомобили

Кина знае каде се наоѓа секој електричен автомобил што е регистриран во земјата. Производителите ја обезбедуваат врската, тоа го бараат нормите за хомологација на возилата на најголемиот пазар во светот

Кинеската влада ја знае позицијата на сите електрични автомобили во земјата. Повеќе од 200 фирми од автомобилската бранша ги посредувале информациите во реално време. Тоа го дознава информативната агенција АП, повикувајќи се на повеќе компании и експерти. Меѓу производителите што ги посредувале информациите за своите возила спаѓаат Tesla, General Motors, Ford, Volkswagen, BMW и Daimler.

Само во Шангај, најголемиот кинески град, следени се 220.000 возила, а нивниот број во целата земја изнесува 1,1 милион. Според агенциската вест, следени се повеќе од 60 различни информации. Од обемот на податоците може да се изработи профил на движење на секој возач, како и да се открие неговото живеалиште или работното место.

Производителите не се решиле самоволно за ваков чин, туку само ги почитувале посебните закони за електрични автомобили. Во Кина постојат системи за надзор во реално време, до коишто производителите на автомобили мора да испорачуваат податоци, со посредство на државна институција. Во автомобилските компании не ја исклучуваат можноста дека податоците биле користени за надзор од страна на државата.

Без систем за надгледување не може да се добие хомологација за автомобилот

Преку податоците може да се открие и сопственикот на возилото што се следи. Автомобилите, сепак, не испорачувале повеќе информации од тоа го прават мобилните телефони. Без соодветен систем за надзор, во Кина не може да се добие хомологација за електричен автомобил. Такви практики не постојат во други земји.

Кинеската влада ѝ соопштила на агенцијата АП, дека податоците од електричните автомобили биле потребни заради подобрување на јавната безбедност, како и заради поставување на инфраструктурата од полначи за струја. Следењето било со цел „да се спречат непријатни ситуации при откажување на батеријата на електричниот автомобил и подобрување на безбедноста.“ Покрај тоа, со надзорот се спречуваат и измами со субвенциите. Во минатото се забележани случаи со фирми, кои добиле субвенции за електирчни автомобили што не постојат.

bmw x3 kina

Експертите сепак имаат критички став за преносот на податоци. Поранешниот американски министер за одбрана Мајкл Чертоф, смета дека „се дознава премногу за дневните активности на луѓето.“ Оваа метода била дел од општата стратегија за надзор, цени експертот. Притоа се снимани сите податоци кои на властите им овозможуваат да ја ограничуваат граѓанската слобода.

Производителите на автомобили треба сами да се преиспитаат, „кога на властите на авторитарна држава и даваат алатки за масивно следење“, продолжува Чертоф. Индустријата сепак не гледа потреба за промени. Речиси сите производители најавија дека масивно ќе ја зголемуваат понудата од електрични автомобили за кинескиот пазар.

Како еден странец стекнуваше возачка дозвола во Кина

Mercedes ја зголемува предноста пред Audi и BMW во Кина

Купе-изведба Skoda Kodiaq GT ексклузивно за Кина

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Kodiaq RS

Значка RS и дизел со 240 КС за Skoda Kodiaq

mitsubishi eclipse cross

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија