за ,

Kia Sportage мина супертест од 100.000 километри без ниту еден дефект

Магазинот Auto Motor und Sport две години го тестираше Kia Sportage во најразлични услови. Теренецот постигна рекорд на супертестот на магазинот, без ниту еден дефект во стоте илјади километри.

Компактниот теренец на Kia во изминативе две години беше на вообичаениот супертест на 100.000 километри на германскиот магазин Auto Motor und Sport. Сега се познати и резултатите. Kia Sportage е прв спортски теренец што го минал супертестот на магазинот без ниту еден единствен дефект. Ова претставува најдобра потврда дека седумгодишната гаранција по којашто се издвојува корејската марка не е без основа.

Заземајќи го првото место на списокот на најиздржливи спортски теренци според супертестот на Auto Motor und Sport, теренецот што се произведува во Словачка го потисна досегашниот лидер Skoda Yeti на второто место. Водечката петорка ја комплетираат Audi Q5, Mercedes ML и Hyundai Tucson.

Пофалби и за просторноста на кабината и за култивираниот мотор

Магазинот го започна тестирањето на компактниот теренец во средината на 2014 година, во секојдневни услови на експлоатација. Покрај издржливоста, германските експерти ги пофалија и просторноста на кабината, големиот багажник, култивираната работа на моторот и едноставното ракување со системот за навигација. Моделската изведба на тестот беше Kia Sportage 2.0 CRDi so 184 КС и автоматски менувач, во верзија со погон на сите тркала и со ниво на опрема Spirit.

Увозникот на Kia за германскиот пазар го коментира успехот на Sportage: „Горди сме на резултатот на нашиот бестселер и на овој ‘рекорд за вечноста’, затоа што не може да има помалку дефекти од нула.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Ka се вмешува во ресорот на владеење на Dacia

renault captur wave

Renault подготви специјална серија Captur Wave