Голема колку Fiesta, задоволително опремена и со пристоен изглед, а поевтина. Ford Ka очигледно го следи примерот на примусот во класата, франко-романскиот Dacia Sandero. Испораката ќе следува од Индија.
Ford Ka повеќе нема да биде грдата варијанта на Fiat 500 и повеќе нема да доаѓа од фабриката на Италијанците во Полска, туку го менува концептот од корен и се преселува во Индија, кадешто евтиното производство ќе обезбеди поголема конкурентност на моделот на глобалниот пазар. Ford сепак не се реши да го продолжи култот на дизајнерската ѕвезда Ka од 1990-те години, туку премина на најтрезвена рационалност и го создаде новиот модел со некогаш големото име како автомобил што ќе конкурира на Dacia Sandero.
Основа на новиот Ka со чифт врати повеќе во споредба со претходникот е глобалната платформа на Ford за автомобили од помалите класи. За да укаже на дополнителниот чифт врати, новиот модел во исто време се преименува во Ka+. Динамични возни својства на Fiesta, значително подобрен квалитет отколку претходникот од фабриката на Fiat, должина од точно четири метри и три сантиметри повисока од Fiesta – тоа е брифингот за новиот модел на Ford. На тоа се надоврзува и багажник од 270 литри, што е стандардна големина во класата и со правилната форма дозволува сместување на два големи куфера.
Практичноста и противвредноста поважни од дизајнот и статусот
Намерата на стратезите на Ford е со новиот Ka+ да целат на кругот купувачи на коишто дизајнерската авангарда или препознатливост не им е толку важна колку противвредноста и практичноста што им следуваат со возилото. Во опремата нема да се скусува неопходното, кадешто веќе се вбројува и клима уред. Според Ford, новиот Ka+ ќе понуди најмногу простор за глава напред и најмногу простор за колената за патниците назад.
https://youtube.com/watch?v=pobny-sY6b8
Внимание најмногу заслужува моторот. Место стар и растропан мотор што ќе потроши повеќе отколку што се имало намера со купувањето на автомобилот, под хаубата работи 1,2-литарски Duratec со две брегасти вратила со варијабилна работа, според познатиот принцип Ti-VCT на Ford. Основната верзија располага со 70 КС, посилната со 85 КС. Основата на моторот потекнува од актуелниот 1,25-литарски агрегат од Fiesta.
Класична лимузина со четири врати за источноевропскиот пазар
Уште една најава заслужува внимание. За источноевропскиот пазар и за Турција ќе се понуди дополнителна лимузинска верзија. Ford ги објави цените за германскиот пазар, каде што нарачките ќе стартуваат од јуни, за 9.990 евра за основниот модел и 11.400 евра за моделот со клима уред, говорни команди и интеграција со паметен телефон. Испораките се очекуваат кон средината на октомври.
https://youtube.com/watch?v=S_U4qD9fni8
Технички податоци · Ford Ka+
- Должина x Ширина x Висина (m): 3,9 x 1,7 x 1,5
- Меѓуоскино растојание (m): 2,5
- Мотор: 4 цилиндри, 1,2 литар, Ti-VCT
- Моќност: 52 kW / 70 КС при 6000 /min или 63 kW / 85 КС при 6300 /min
- Вртежен момент: 105 Nm при 4000 /min или 112 Nm при 4000 /min
- Крајна брзина: 159 km/h или 169 km/h
- 0 до 100 km/h: 15,3 S или 13,3 S
- Просечна потрошувачка: 5,0 L
- CO2: 159 –169 g/km (Euro 6)
- Празно возило: min. 1009 kg
- Багажник: 270 L
[FAG id=24665]

















