Volkswagen ја истражува Кина со електричниот Budd-e

Седум нови модели на Volkswagen со електричен и хибриден погон ќе се појават на пазарот во Кина. Концептот Budd-е моментно е на турнеја низ земјата, во подготовка на пазарот.

Студијата Budd-e од саемот за електроника во Лас Вегас, моментно е на турнеја низ Кина, како амбасадор на електричниот погон. Во комбито што е модерно толкување на култниот „були“ работи новaта генерација електричен погон на Volkswagen, којашто ќе се користи во идните модели од сериско производство.

Budd-e премиерно ја користи модуларната електрична платформа MEB и таа му овозможува досег од преку 500 километри, односно слично со автомобил со бензински мотор. Првите сериски модели на оваа платформа ќе се појават на пазарот веќе во 2020 година.

Купувачите на електрични автомобили доаѓаат полесно до регистерски ознаки

Кина генерално има позитивен став кон електричните автомобили, меѓу другото и поради притисокот од државата да се ограничи употребата на автомобили со конвенционален погон, но и поради дарежливите субвенции при купување електричен автомобил. Во Пекинг, мегалополис со 21,5 милиони жители и трет најголем град во светот, исто како во Шангај, со 24 милиони жители и со тоа најголем град во светот, потребно е прво да се дојде до регистерска табличка, па дури потоа може да се отиде во салон. Табличките се издаваат под строг режим, преку еден вид лотарија. Електричните и плагин-хибридните автомобили полесно добиваат таблички. Единствен  услов е автомобилот да биде произведен во Кина.

Оттука е сосема разбирлива честа што Volkswagen ја оддава со кинеската турнеја на Budd-e. германците планираат локално да стартуваат со производство на седум нови модели со електричен или плагин-хибриден погон до 2020 година.

Претходна објаваNissan Navara со теренско крштевање на Бистра
Следна објаваFord Ka се вмешува во ресорот на владеење на Dacia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here