Renault подготви специјална серија Captur Wave

renault captur wave

Captur е одличен погодок на Renault, со над 30.000 продадени примероци само на францускиот пазар од почетокот на годинава. Тоа е повод за кросоверот да биде награден со специјална серија Wave.

Моделските серии во ограничен број примероци се традиција во Renault. Кросоверот Captur заслужи специјална серија со продадените 32.000 примероци на францускиот пазар во првите пет месеци од годинава и учество од 8,7 проценти во својот сегмент, што му обезбедува статус на бестселер на домашниот пазар. Captur Wave пристига со бисерно бела боја на каросеријата, наменета ексклузивно за него, а на тоа следуваат и неколку стилски зафати во ентериерот, што француските дизајнери го нарекуваат „замрзнат хром“.

Заедно со претставувањето на лимитираната серија Wave, производителот ја воведува и комбинацијата од мотор TCe 120 и шестстепен мануелен менувач во гамата на популарниот градски кросовер. Овој мотор досега се нудеше само со менувач со двојна спојка EDC. Со мануелен менувач, цената на Captur TCe 120 сега е пониска за околу 1.400 евра.

Wave е препознатлив по сините ленти по покривот и во ентериерот

Како основа за Wave служи нивото на опрема Intens, коешто е надградено со бандажи од 17 инчи со „дијамантски“ финиш и централен капак во сина боја, впечатлива декорација на покривот и ретровизорите во истата боја, заштита на подвозјето напред и назад во платинеста боја, ентериер во стил на „chrome frost“, специјални облоги на седиштата и вратите со сини штепови и уште мал милион детали. Белата боја со бисерен ефект е комбинирана со црн покрив, а на избор стојат уште три бои за каросеријата: платинесто сива, пацифик-сина и маринско-сина.

Ценовната предност на специјалната серија Wave изнесува 900 евра, наспроти одделното нарачување на ставките што тука следуваат како стандард. Според францускиот ценовник, Captur Wave стартува од 21.000 евра со мотор TCe 90. На македонскиот пазар, понудата на Аутомотив Груп за популарниот Captur стартува од 14.050 евра, за верзијата TCe 90 Authentique.

[FAG id=24672]

Претходна објаваKia Sportage мина супертест од 100.000 километри без ниту еден дефект
Следна објаваПочеста проверка на притисокот во гумите при големи температурни промени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here