за

Шефот на Kia очекува продажбата да се врати во нормала до јули

Според првиот човек на Kia во Европа, Емилио Херера, продажбата на автомобили би можела да се врати во нормала веќе во јули. Но, за тоа да се случи, потребно е да се реализираат владините планови за поддршка на индустријата, од типот на замена на старо за ново.

Kia беше една од марките што се покажаа најмногу отпорни на корона-кризата, со најмал пад во продажбата, заедно со Toyota и Skoda. Во повеќе земји ширум Европа беа затворени салоните за автомобили. Со нивното повторно отворање во мај и со постепеното враќање на јавниот живот во нормала, се очекува и продажбата на автомобили да почне да се зголемува. Секако дека уште постои голема неизвесност, како понатаму ќе се развива ситуацијата.

Европскиот шеф на Kia има оптимистички предвидувања за растот на продажбата. Во ексклузивна изјава за познатиот британски магазин Ауто Експрес, Емилио Херера кажа: „Верувам во тоа од причина што во земјите што повторно ги отворија продажните салони, имаме слична посетеност како претходно, тоа охрабрува.“

Не се отворени сите пазари, така што мора да почекаме и некои од големите пазари повторно да се отворат. Меѓутоа, верувам дека во јули, сите ќе бидат среќни што ќе можат да излезат од домот и ќе сакаат нов автомобил.“

За продажбата да се врати во нормала, Херера сепак посочува дека и Владите ќе мора да понудат финансиска поддршка: „Мора да бидеме сигурни, дека властите ќе ни обезбедат добар план за поддршка за индустријата, во спротивно тоа нема да се случи.“ Шефот на Kia понатаму ги наведува Германија, Шпанија и Франција, како три големи пазари што подготвуваат олеснување за купување нов автомобил, според принципот старо за ново.

Kia, Toyota и Skoda со најмал пад во продажбата во март

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сé најубаво за Денот на Мајките – од Mini

Сé најубаво за Денот на Мајките – од Mini

Мобилна апликација како дигитален тренер на Porsche

Мобилна апликација како дигитален тренер на Porsche