Kia GT4 Stinger сака да се трка со Porsche

На Kia й остана само уште еден сегмент да ја докаже својата способност да им се спротивстави на водечките модели, сегментот на спортските автомобили.

На салонот во Детроит што се одржува од 18-ти до 25-ти јануари ќе биде претставена студијата на спортски автомобил Kia GT4 Stinger, со која што Корејците најавуваат дека ќе се впуштат во следната битка за освојување на пазарот, во сегментот на Porsche & Co. Ако се суди по изгледот, кој вообичаено го носи потписот на дизајнерската ѕвезда Петер Шрејер, Stinger сигурно ќе им зададе болен удар на конкурентите. Но, и со техниката ќе биде исто. Погонот е назад, моторот е дволитарски со турбонатполнење и 315 КС.

kia_gt4_stinger_01

Највпечатливи детали во изгледот се маската што е обрабена со бела светлечка лента и вертикално поставените диодни светла. Отворите за ладење на предните сопирачки дискови го спроведуваат воздухот кон бандажите со пречник од 20 инчи, додека под предниот браник е поставен спојлер изработен од карбон.

Претходна објаваFord вози со енергијата од сонцето
Следна објаваСтудот им ја одзема силата на електричните автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here