за

Jeep Renegade: Кога градски автомобил е мал, а компакт е слаб

Тоа е една од најстарите дилеми: Дали градски автомобил со силен мотор и многу опрема, или компакт со слаб мотор и основно ниво? Сегментот на Jeep Renegade се покажа мошне делотворен.

Еден од секои пет продадени автомобили во Европа во првото полугодие од 2022 доаѓа од Б-СУВ сегментот. Тоа се возилата од ковот на Jeep Renegade и Fiat 500X во коишто сé повеќе купувачи препознаваат баланс меѓу простор, практичност, мотор и опрема, бирајќи меѓу градски автомобил и класичен компакт, што точно им одговара за потребите и можностите.

Европа сака да вози СУВ-автомобили. Во првите шест месеци од годинава, на СУВ-модели од сите класи, отпаѓаат 49,5% од вкупната продажба на возила. Кога се купувало автомобил меѓу јануари и јули, тоа било или СУВ или не било СУВ. По сегменти, први се моделите што спаѓаат во компакт класата, значи модели од рангот на Kia Sportage, Peugeot 3008 или Toyota C-HR, коишто учествуваат со 22,8% во вкупниот пазар во ЕУ во првото полугодие.

Втор најпродаван сегмент е Б-СУВ, односно делот од пазарот каде што спаѓаат Peugeot 2008, Toyota Yaris Cross, Suzuki Vitara и други. Нивното учество изнесува 18,8% во полугодишниот пазар. Трети се градските модели Peugeot 208, Toyota Yaris, Citroen C3, со удел од 17,3%, по нив следат моделите од „голф-класата“, односно по редоследот на продажбата – Golf, Corolla, A3, Octavia, 308, на коишто отпаѓаат 13,8% од вкупната продажба.

Jeep е специјалистот за теренци и СУВ-модели. Не само кај нас, туку и многу пошироко, поимот „џип“ се користи за секоj СУВ. Кога соседот ќе купи „џип“, тоа е неизоставен предмет на спомнување во меѓусоседските средби. Факт, што несомнено помага во одредена мера, за пазарот да бара СУВ-возила.

Соодносот во продажбата на одделните модели на Jeep во Европа точно го отсликува пазарот. Најпродаван модел на марката во ЕУ, во првите девет месеци од 2022 година е Compass со 34.277 примероци, а Renegade одвај заостанува со 33.362 примероци. Првиот е модел од Ц-СУВ сегментот, вториот е Б-СУВ.

Успехот на Renegade & Co не е тајна. Кога човек се токми да го поднови возниот парк, обично се бара прво одговор, дали за одердена сума е подобар избор градски автомобил со моќен мотор и богата опременост точно по желба, или можеби е подобро да се избере поголем автомобил, значи компакт, којшто по истата цена се нуди со основен мотор и со основна опрема. Дали е подобар компромис првиот модел, или се жртвува помалку ако се избере вториот модел? Точно тука влегуваат во игра Б-СУВ-моделите. Значи, Jeep Renegade.

Jeep Renegade e-Hybrid умерено електризиран, а пак по мера

Во почетокот на месецов, Jeep Renegade веќе беше актуелна вест, со воведувањето на моделската изведба со благ хибриден погон, односно со истиот погон како Alfa Romeo Tonale, сестрински модел од концернот Stellantis. Американската марка, својот прв модел што не се произведува на тамошниот континент (доаѓа од Мелфи, Италија, заедно со Fiat 500X и Jeep Compass), го нуди уште во изведба со 1,0-литарски турбо бензинец со 120 КС, потоа со 1,6-литарски дизел со 130 КС и во изведба со приклучен хибриден погон 4xe, со погон на сите тркала, со 190 или со 240 КС.

Како премиум марка, опременоста е богата уште во основното ниво Longitude, со паркинг сензори назад, тркала од лесен метал, автоматски двозонски клима уред, електрична паркирна сопирачка, средишен дисплеј од 7 инчи, камера за знаци и систем за задржување во лента. Аутомобиле СК преку својот Carstore.AutomobileSK.mk нуди единствена можност, купувачите во секое време да можат да ги погледнат возилата што се на залиха, па еден кус преглед покажува дека Jeep Renegade Longitude со 1,0-литарски бензинец со 120 КС чини 25.900 евра. Сите три примероци што се достапни во моментов имаат по уште неколку ставки дополнителна опрема, како металик лак или кровни носачи.

Со дизел моторот од 1,6-литар и 130 КС, во истото ниво на опрема, Jeep чини 29.450 евра, вклучувајќи карго бокс, каросерија лакирана во црвена боја и уште неколку ставки.

Второто ниво на опременост, Limited, внесува луксуз и екстра технологија: Дигитални инструменти, приспособлив темпомат, паркинг сензори напред, патосници, посебни облоги на вратите, електрично местење на возачкото седиште во слабинскиот дел и уште низа ставки. Од трите автомобили со престижното ниво на опрема Limited, што Аутомобиле СК ги прикажува во својот „онлајн салон“, најдостапниот е Renegade 1.0 со цена од 30.100 евра, но и со изобилство од дополнителна опрема: Задна камера, самостојно паркирање, собирање на надворешни ретровизори, експресно затворање на сите прозорци (нормално, ова е теренски автомобил), пристап без клуч, двострана подлога во багажникот и уште најмалку десетина ставки.

Jeep Avenger е само почеток, следат модели на Fiat и Alfa Romeo

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Увозникот М Кар испорача ексклузивен BMW M4 CSL

Peugeot 205 turbo 16 потсетува на златните времиња на релито