за

Jeep Avenger е само почеток, следат модели на Fiat и Alfa Romeo

Jeep Avenger и моделите на Fiat и Alfa Romeo што ќе ја користат истата платформа, заедно ќе достигнат годишна продукција од 300.000 возила во фабриката во Полска.

Компактните СУВ-модели им се од голема корист на производителите на автомобили во овие времиња. Нивниот пазарен сегмент се смалил за само 3,3 проценти во првите седум месеци од 2022 година, додека целиот пазар е 13 проценти во пад во истиот период.

Голема раздвиженост на пазарот се случува меѓу СУВ-моделите и кросоверите од градската и компакт класата. Најпродаван модел од овој сегмент до јули е Volkswagen T-Roc, со вкупно 97.197 продадени примероци. Неговата продажба е намалена за 10% во споредба со истиот период лани, но затоа целиот пазар годинава е 13 проценти во минус.

Втор најоородаван модел во сегментот е Dacia Duster, чијашто продажба напредувала за 4,1 проценти и достигнала вкупно 89.957 примероци. Лидерот од минатата година, Peugeot 2008, годинава до јули е трет во сегментот, со пад од 29 проценти во продажбата и вкупно 85.734 примероци.

Моделите со целосно електричен погон порано имаа споредбено мал удел во продажбата. Нивната вкупна продажба од јануари до јули се зголемила за 10 проценти во споредба со лани, достигнувајќи 61.336 возила. Уделот на компактните СУВ-модели со погон само на струја во меѓувреме е зголемен на 5,4 проценти, што веќе е солидна вредност. Jeep Avenger во својата електрична изведба ќе им се придружи на четирите модели што се достапни со погон на струја: Hyundai Kona (23.687 примероци), Peugeot e-2008 (15.370 примероци), Opel Mokka-e (12.240 примероци) и MG ZS (10.039 примероци).

Jeep Avenger е новиот основен модел, вози и на струја, ќе доаѓа од Полска

Кристијан Меуние, извршен директор на Jeep, очекува Италија, Франција, Германија и Велика Британија да бидат најголеми пазари во Европа за Avenger. Според шефот, тие пазари „брзо созреваат во електрификациајта.“

Производството на Avenger ќе започне во ноември, а во следната година се очекува и малечок кросовер на Fiat врз истата платформа. Потоа, во 2024 година, ќе следи и трет модел со истата техника, што ќе го носи знакот на Alfa Romeo.

Според нарачките што Stellantis ги има направено до своите добавувачи, што ќе испорачуваат компоненти за вградување во триото компактни СУВ-модели на Jeep, Fiat и Alfa Romeo, концернот планира годишно производство до 300.000 примероци од трите модели.

За Jeep Avenger се планираат 110.000 примероци годишно. Продукцијата на компактниот кросовер на Fiat ќе додаде уште 130.000 примероци. Тоа е воедно и моделот што ќе произлезе од концептот Centoventi, прикажан на салонот во Женева во 2019 година. Панданот на Alfa Romeo, за којшто е потврдено дека ќе го носи името Brennero, треба да достигне 60.000 примероци годишно.

Во фабриката во Тиши моментно се произведува Fiat 500, автомобил што е на пазарот веќе 15 години и далеку е од потреба да добие наследник во брзо време, а тамну се произведува и Lancia Ypsilon, којашто исто така има солидни 11-години на пазарот. Концернот не соопштува уште колку време ќе се произведуваат овие два модели, покрај триото нови СУВ-модели што го предводи Jeep Avenger.

Најпродавани СУВ и кросовер модели во Европа

Јануари до јули 2022 година

Марка и модел

Примероци

Тренд во % (споредба 2021)

1

VW T-Roc 97197 -10

2

Dacia Duster 89957 4.1

3

Peugeot 2008 85734 -29

4

Renault Captur 83652 -19

5

Ford Puma 81663 -16

6

Toyota Yaris Cross 77636 нов

7

VW T-Cross 66847 -21

8

Hyundai Kona 60793 -6.3

9

Opel Mokka 57793 79

10

Opel Crossland 44374 -21

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Corvette Stingray

General Motors продава слабо во Кина, решение се бара со луксузни модели

Акциите на Mitsubishi пораснаа 84%, слабиот јен го катапултира извозот