Акциите на Mitsubishi Motors годинава ги надминаа акциите на сите азиски конкуренти, со раст на вредноста од 84 проценти, поттикнат од повторното зголемување на побарувачката за мали автомобили и пикапи во југоисточна Азија.
Опаднатата вредност на јенот, што е на најниско ниво во последните 24 години, добра е за извозот на автомобили од јапонските фабрики, и тоа им оди во корист на сите производители на автомобили во земјата. Mitsubishi дополнително користи од тоа што во својата понуда има соодветни модели, со коишто може да излезе во пресрет на зголемената побарувачка за автомобили на азиските пазари во развој. Како што попушта пандемијата, така повторно се отвораат националните економии и заживува пазарот.
Половината од 10-те автомобилски компании што годинава котираат најдобро на азиската берза, доаѓаат од Јапонија, главно благодарение на слабиот курс на јенот. Меѓу тие компании се издвојува Mitsubishi, со двојно поголем раст на вредноста на акциите од кој било конкурент од браншата. Акциите на Mazda и Subaru пораснаа за повеќе од 20 проценти, додека акциите на Toyota имаат незначителен пад.
Меѓу главните пазари на Mitsubishi се Тајланд, Индонезија, Виетнам и Филипините. Поради тоа, марката со трите дијаманти е помалку чувствителна на забавувањето на американската економија, отколку што тоа е случај со конкурентите Toyota, Honda, Nissan, Subaru и Mazda. Една четвртина од прометот на Mitsubishi, којшто е во алијанса со Nissan и Renault, се постигнува токму во регионот на југоисточна Азија.
東南アジアでの小型車とピックアップの需要回復に拍車がかかったため、三菱自動車の株価は年初から84%上昇した。
Mitsubishi Motors Corp. shares have rallied 84% this year, spurred by a demand revival for small cars and pickups in Southeast Asia.https://t.co/VeN5If9eVL— ポイント太郎 (@PoisutePhoto) September 7, 2022
Бројни експерти ги гледаат тие пазари како светли точки, во време кога светската економија слабее. Тамошните економии растат благодарение на поскапените суровини, туризмот, како и високиот удел на банки што се добро поставени за растечките камати во светски рамки.
Алијансата со Renault преоѓа во нова фаза, со претстојниот почеток на производството на незначително преработените верзии на два модели на Renault, на Clio и Captur, коишто ќе го добијат логото на Mitsubishi. Преработената верзија на Clio ќе се води под познатото име Colt, додека верзијата на Captur ќе ја носи ознаката ASX. Двата модели ќе се произведуваат во фабриките на Renault.
Новиот Mitsubishi ASX премиерно во септември, старт следната пролет
















