Jeep Avenger е новиот основен модел, вози и на струја, ќе доаѓа од Полска

Голема премиера за малечок Jeep на претстојниот салон на автомобили во Париз, во октомври. Avenger е првиот модел на американската марка што ќе вози на струја. Останатите изведби на новакот и натаму ќе се нудат со обични мотори.

На големиот салон на автомобили во Париз, што почнува на 17-ти октомври, Jeep ќе го претстави Avenger, малечок СУВ-модел и прв автомобил на култната американска марка, што ќе вози целосно на струја. Покрај електричниот Avenger, ќе бидат достапни и изведби со мотор со внатрешно согоруивање. Avenger му се придружува на незначителчно поголемиот Renegade во понудата од компактни модели на Jeep.

Целната група на Avenger се млади клиенти, а посебно млади семејства, додека Renegade со поголемиот багажник и со повеќе простор на задната клупа цели на фамилии со повозрасни деца. Објаснувањето доаѓа од Антонела Бруно, директорка на Jeep надлежна за европскиот пазар.

Avenger е првиот од четирите целосно електрични модели што Jeep ќе ги пушти на европскиот пазар до 2025 година. Меѓу останатите модели се голем СУВ со коцкеста форма во категоријата на Land Rover Defender, којшто ќе го носи моделското име Recon, по него следи Wagoneer S, а за последниот модел уште е сé во тајност.

https://photos.app.goo.gl/BpPoB4wvM4CH76Wt7

Делот од европскиот пазар што им припаѓа на малечките СУВ и кросовер модели е најголем на континентот, со 1.132.489 продадени примероци во првите седум месеци од 2022 година. Renegade е веќе 8 години на пазарот и неговата продажба до јули се смали за 38 проценти, на 30.222 примероци. Најмалечкиот Jeep годинава е 16-ти најпродаван модел во сегменот, што го предводи VW T-Roc.

https://photos.app.goo.gl/JRq8VzG7N4KjJS3j8

https://photos.app.goo.gl/icS2EksYVz53Nf8r7

Производството на Avenger ќе се одвива во фабриката на Stellantis во Тиши, Полска. Моделот ќе ја користи платформата STLA Small на концернот Stellantis, којашто е усовршена изведба на платформата CMP, што првично ја разви групацијата PSA. Тиши ќе биде 10-та фабрика во светот во којашто се произведуваат модели на Jeep.

Покрај целосно електричната изведба на Avenger, за којашто Jeep ветува досег од околу 400 километри, ќе се нуди и изведба со благ хибриден погон, како и изведба со погон на сите тркала

Stellantis во моментов нуди трио електрични СУВ-модели од компактната класа: Peugeot e-2008, Opel Mokka-e и DS 3 Crossback E-Tense. Нивниот досег се движи до 330 километри, со батерија со капацитет од 50 kWh и електромотор со максимална моќност од 100 kW.

https://photos.app.goo.gl/sBAyNMR2f37wAcUL9

Според најавите од Бруно, дури и основната изведба на Avenger со преден погон ќе има подобри теренски способности од верзиите со погон на сите тркала на Renegade, којшто користи електромотор на задната оска за да произведе погон на сите тркала. Avenger ќе биде прв модел со погон на сите тркала што е контруиран врз платформата STLA Small.

Цените и техничките детали ќе бидат објавени на премиерата во Париз, на 17-ти октомври. Тогаш почнуваат нарачките за ексклузивната воведна серија, а испораката ќе стартува во првото тромесечје од 2023 година. Моделот ќе се продава и во Јапонија и Јужна Кореја. Американската марка не планира да го продава моделот на домашниот пазар, исто како и во Кина.

Со 4.076 милиметри, Avenger е 160 mm покус од Renegade, којшто ја користи платформата Small Wide на Fiat Chrysler. Renegade се произведува во Мелфи, во средна Италија, од каде што се испорачува за Европа и Северна Америка. Фабрика во Бразил ја снабдува Латинска Америка. Производството во Кина запре во почетокот на годинава, откако Stellantis ја прекина соработката со GAC.

https://youtu.be/bQNxyMYXHmY

Дизајнот на Avenger е спој меѓу пропорциите на каросеријата на Renegade и меките површини накаросеријата на компактниот СУВ-модел Compass. Традиционалната маска останува, придружена со тенки надолжни дневни светла. Поскапите изведби ќе имаат каросерија во две бои, со црн покрив. За страничниот изглед да биде поелегантен, дизајнерите на Jeep ги преместија рачките на вратите во задниот столб, по примерот на Alfa Romeo 156 во 1997 година.

Инфо-забавните системи ќе користат Android Automotive, во комбинација со средишен дисплеј од 10,25 инчи и дигитални инструменти од 7 инчи во основната и 10,25 инчи во поскапите изведби.

Jeep Recon

https://photos.app.goo.gl/j7Xe7Y2PBSVpwvA48

https://photos.app.goo.gl/dnr1gTgC3KAzjgBc9

https://photos.app.goo.gl/AE2wr9S9WTRYoS5YA

https://photos.app.goo.gl/HgN6r2dnbsjb5SDa6

https://photos.app.goo.gl/grii7R2VAzAeqWYE6

Jeep Wagoneer S

https://photos.app.goo.gl/5x4rbBJCQK9oHrbeA

https://photos.app.goo.gl/D5ZTaTyVgju3LkgW9

https://photos.app.goo.gl/6SjyPSjnQCvhgVDk9

https://photos.app.goo.gl/BEqhkJJjLaLNmbrX6

Jeep нуди бришачи со вградени прскалки за Wrangler и Gladiator

Претходна објаваMercedes во соработка со Rivian за производство на електрични комбиња
Следна објаваИнвеститорите покажуваат голем интерес за берзанскиот старт на Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here