за

Jeep нуди бришачи со вградени прскалки за Wrangler и Gladiator

Поделотворно чистење и помала потрошувачка на течност при чистење на ветробранот се важни нешта при возењето Jeep во неговата природна средина.

Една секунда возење со извалкан ветробран по предизвикувачки терен е предолго време. Jeep им нуди на сопствениците на Wrangler и Gladiator бришачи од коишто директно се распрскува течноста врз ветробранот. Комплетот засега е достапен само во САД и Канада, се најавуваат и останатите пазари.

Возачите на Jeep Wrangler и Jeep Gladiator можат да бидат поспокојни при минувањето низ мочуришта или потоци, со новите бришачи што се нудат како прибор од одделението Jeep Performance Parts (JPP).

Клучот на делотворноста на новите бришачи од JPP се 12-те отвори што се изработени ласерски во метличката. На тој начин се постигнува рамномерно распрскување течност по целата ширина на метличките, додека се пушта бришачот да мине по стаклото. Jeep тврди дека нечистотијата и калта се отстрануваат уште со првото бришење.

Стандардните прскалки за ветробранот се онеспособуваат, за течноста да се води директно до бришачите. Потрошувачката на течност е намалена, а воедно се избегнуваат и опасните секунди на слепо возење.

Комплетот бришачи со високи перформанси од JPP (број на делот на Mopar е PW100013AB) е пуштен во продажба во САД и Канада, а наскоро ќе стартуваат и останатите пазари. Системот се вградува во моделите на Jeep Wrangler и Jeep Gladiator, почнувајќи од 2018 моделско годиште. Китот се состои од рачки на бришачите, метлички и црева што се потребни за вградување, вклучувајќи и резервен сет метлички. Препорачаната цена од производителот изнесува $140 во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Литиумот за батерии за електрични автомобили поскапел за 640% за една година

Тетовски автомобили со бугарски таблици на струја од јаглен