Литиумот за батерии за електрични автомобили поскапел за 640% за една година

Индексот на цените на главните суровини за индустријата, во второто тромесечје се намалил за 5% во споредба со првите три месеци од годинава, но во споредба со истиот квартал лани, индексот е повисок за 8 проценти. Цените на некои суровини штотуку доживуваат ценовна експлозија, посебно суровините што ги користи автомобилската индустрија во производството на електрични автомобили.

По шокот што рускиот напад врз Украина го предизвика врз пазарот на суровини во почетокот на годинава, цените постепено се намалуваат. Исклучок се неколку од најважните суровини во производството на батерии, односно на електричните автомобили. Кај тие материјали штотуку се случува вистинска ценовна експлозија.

Индуструскиот метал литиум поскапел за 67% во споредба со првиот квартал годинава, додека во споредба со истиот квартал лани, цената е повисока за дури 640 проценти. Кобалтот за една година поскапел за околу 53 проценти. Литиумот и кобалтот се клучни суровини во производството на батериски ќелии, коишто автомобилската индустрија ги користи масовно. Побарувачката во светски рамки е исклучително висока и предизвикува натамошно покачување на цените.

Цените на алуминиумот (+21 %), хромот (+38 %), никелот (+68 %) или титанот (+169 %) исто така пораснаа значително за една година. Покрај високите цени на енергијата, растечките цени на суровините претставуваат огромно оптоварување за индустријата.

Индустријата се справува со превисоките цени на најразлични начини. Еден од нив е намалување на зависноста од одделни снабдувачи со суровини, односно од одделни земји од коишто се увезуваат истите. Од друга страна се истражуваат начини за поефикасно искористување на суровините. Во исто време се работи и на добивање секундарни суровини преку целосно затворен круг на рециклирање.

Индексот на цените на суровини се одредува врз основа на цените на четириесетина видови суровини, како и врз основа на уделот на одделните суровини во увозот.

Northvolt ја произведе првата европска батерија за електрични автомобили

Претходна објаваМилион километри се лесна вежба за Opel Astra F
Следна објаваJeep нуди бришачи со вградени прскалки за Wrangler и Gladiator