Првата Opel Astra беше претставена пред 31 година. Во петте генерации се продадоа близу 15 милиони примероци, од Astra F до Astra K. На овие силни бројки им се придружува еден белгиски возач на Opel, горд на својата милионерска Astra.
Opel Kadett стана Opel Astra со генерацијата во 1991 година. Затоа Opel не го означува моделот како Astra A, туку како Astra F, наследник на Kadett E, прочуената „капка“. Тоа е најпродаваниот Opel во историјата, со повеќе од 4,13 милиони примероци во периодот од 1991 до 1997 година.
Astra F на Белгиецот Жери Дирикс е милионерка и од друго гледиште. Автомобилот произведен пред 25 години има поминато повеќе од еден милион километри и Жери цени дека тоа е рекорд за неговиот модел. Овој горд возач на Opel сакаше лично да го прикаже својот автомобил пред новиот извршен директор на марката, Флоруан Хуетл. Не само што автомобилот има поминато еден милион километри, туку моторот и менувачот уште се оригиналните.
Жери Дирикс е 45-годишник и живее во Пал-Беринген. По професија музичар и вработен во образовна институција, тој со децении вози модели на Opel. Својот прв автомобил, Opel Kadett, Белгиецот го има купено на свои 20 години. Неговиот втор автомобил е токму оваа Opel Astra F од 1997 година. Astra веќе имала поминато 150.000 километри, кога Жери ja купил како користен автомобил.
„Милионерската“ Opel Astra се вози секојдневно
https://photos.app.goo.gl/vnoc1bTQVMrBvBSS6
Ценетото достигнување се должи на смирениот стил на возење, како и на добрата грижа и навременото сервисирање на возилото. Жери тргнал на пат за Риселсхајм со својата Opel Astra F во вторникот, на 12-ти јули. „Тоа беше посебно возбудлив момент што го исчекував со нетрпение“, раскажува Жери. „Автомобилот беше подготвен цела недела претходно и помина детален технички преглед. Сé работи примерно, како во сите 25 години досега. Секако дека тоа ми донесе и по малку стрес. Добивањето покана од седиштето на Opel е нешто посебно.
Вечерта, по нешто повеќе од 300 километри пат, Жери пристигнал во Риселсхајм, не само со еден милион на километражата, туку со еден милион и 11.000 километри.
Белгиецот ја објаснува тајната на долговечнсоста на неговиот автомобил во сервисирањето во овластен сервис, со оригинални резервни делови. Секако дека и возачката љубов има свое дело. Жери порачува: „Грижете се за својот автомобил како за човек, со љубов и почит.“
https://photos.app.goo.gl/S3yBKbKmhFnJWjNi7
https://photos.app.goo.gl/GP8dJoV34QVGPUPDA
Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда
















