За дисплеите на Toyota, коишто во последните неколку години во одредени моделски серии добија вистинска класична нишка, никој не спомнуваше. Сепак станува збор за марка што повеќе внимание придава на суштината, отколку на шминката. Кога техниката функционира примерно и напредокот на технологијата се сервира таму каде што е најважно, на пример во безбедноста и во заштитата на животната средина, дисплеите на Toyota останаа премолчани, иако осознаени на сцената. Далеку од сензација, RAV4 доби нови дигитални инструменти, нова мултимедија, а не изостана и дотерување на системите за асистенција. Мала напомена: RAV4 е најпродаван СУВ во светот.
Toyota RAV4 влегува во новата моделска година уште побезбедна и уште подобро поврзана со дигиталниот свет. Покрај освежувањето во системите за асистенција што се соединети во прочуениот пакет Toyota Safety Sense, најпродаваниот СУВ во светот доби нов инфо-забавен систем и нови дигитални инструменти. Toyota ќе стартува со производство на RAV4 Hybrid и RAV4 Plug-in-Hybrid од новото моделско годиште при крајот на третиот квартал. Веќе се стартувани и нарачките.
Главното внимание при освежувањето на Toyota RAV4 е посветено во најновата генерација на инфо-забавниот систем. Преку средишниот дисплеј со висока резолуција и пречник од 10,5 инчи се ракува со сите аудио-функции и со навигацијата што е базирана на податочен облак. Информациите се обновуваат тековно и со тоа се постигнува поголема сигурност при планирање на патувањата. Покрај застој, незгоди на пат и слични вонредни ситуации, системот сега помага и при наоѓањето паркиралиште на целта. Овие услуги се дел од пакетот „Smart Services“ и истите се бесплатни во првите четири години по купувањето.
Покрај навигација на база на податочен облак се нуди и интегриран систем за навигација. Неговата предност е во тоа што функционира и без поврзување со мобилната мрежа и сигурно го наоѓа патот и по непознат терен. Системот ги чита и знаците по автопат, како и зоните на заштитена животна средина.
Телефон се поврзува преку Android Auto или Apple CarPlay. На располагање стои и нов систем за говорни команди, којшто разбира и природен говор. Кога на системот ќе му се соопшти „студено ми е“, тој веднаш ја зголемува температурата во кабината. Со клучната заповед „Еј Тојота“, може освен регулација со климата да се повикуваат и мултимедиски опции, да се прават повици, па и прозорците да се отвораат или затвораат.
Далечинско управување во новата Toyota RAV4
Возачот може да повика нови функции и информации оддалеку. Мобилната апликација MyT врши анализа на возењето, информира колку гориво има во резервоарот и ја прикажува локацијата на возилото. Може да се вклучат безбедносните трепкачи, за возилото да се најде полесно на голем паркинг. Не треба ниту да се стравува дали прозорците или вратите останале отворени или отклучени. За достава на пакети што се нарачани онлајн, корисна функција е можноста возилото да се отклучи и заклучи оддалеку. Тоа сега е дел од стандардната опрема, исто како и тајмерот за вклучување на ладењето или греењето на кабината, пред да се седне во RAV4.
Втората дисплеј-новина се дигиталните инструменти. Почнувајќи од второто ниво на опрема, TFT-дисплејот од 12,3 инчи (312 mm) се вградува како стандард и нуди можност за приспособување на изгледот и функциите. Може да се избира меѓу четири стилови – Casual, Smart, Sport и Tough – три видови на прикажување на информации и разни можности за поставување лични профили.
Проширен обем на системите за асистенција Toyota Safety Sense
Toyota веќе со години претставува авангарда во поглед на системите за асистенција. Pre-Collision System (PCS) сега се грижи за безбедност при вклучување во крстосница. Системот познава дали возилото можеби го препречува патот за друго возило, но и пешак или велосипедист. Возачот прво се предупредува за тоа, а во случај на невнимание, системот самостојно го запира RAV4 за да се спречи незгода. Новина претставува и зафатот во управувањето. Тој автоматски зафат, помага возачот полесно да заобиколи пешак што ненадејно излегува на улица, но се грижи и возачот да ја задржи контролата над возилото.
Во погонот нема зафати, хибридот и натаму е прв избор меѓу сите видови на електрификација
Базирана врз платформата GA-K, петтата генерација на Toyota RAV4 е достапна со хибриден погон со 2,5-литарски бензинец со 218 КС. Со втор електромотор назад и со интелигентен погон на сите тркала, системската моќност на RAV4 се искачува на 222 КС. Гамата ја крунисува изведбата со приклучен хибриден погон и 306 КС. Батеријата на овој RAV4 се полни надворешно и може да испорача енергија за 75 километри возење чисто на струја.
Во потрага по одговор, каков автомобил е Toyota RAV4 Adventure