за

Студија на Citroën: Децата побрзо заспиваат во електричен автомобил

На пронаоѓачите на очилата против мачнина при патување треба да им се верува кога велат дека електричните автомобили се корисни и за дечињата полесно да заспијат.

Citroën спроведе студија меѓу 2.000 родители на бебиња и дечиња до пет години, што купиле автомобил со хибриден или електричен погон. Повеќе од половината од родителите, односно 56,5 проценти, потврдија дека нивното дете во новиот автомобил заспива полесно или исто толку лесно како во нивниот претходен автомобил со бензински или дизел мотор.

Само 11,9 проценти од родителите во студијата процениле дека со електричниот автомобил им е потешко да го успијат своето дете. Други 15,8 проценти не се сигурни околу ефектот. Повеќе се меродавни 44-те проценти, значи близу половина од родителите, кои потврдуваат дека своите деца ги имаат возено во електричниот автомобил за полесно да ги успијат.

Според добиените податоци, на дете просечно му се потребни 16,5 минути за да заспие во автомобилот. Дури 96% од родителите навеле податок дека нивното дете вообичаено заспива за 30 минути или покусо од тоа.

Како причини за децата полесно да заспијат, родителите најчесто ги наведуваат мекото амортизирање на возилото (46%), пријатната температура во кабината (41%) и комфорните седишта (40%). Повеќе од една третина од родителите (34%) ценат дека смиреното возење е најважен фактор за нивното дете да заспие.

New item by Automedia MK / Google Photos

Најновата понуда од модели на Citroën е создадена за да понуди оптимален комфор во возењето за возачи и совозачи од сите старосни групи. Електрифицираните модели на марката нудат највисок ë-Comfort благодарение на мекото и речиси безшумно движење на возилото. Без вибрации, без потреси од погонот, без прекини при менување степен на пренос, електричните и хибридните модели нудат врвен комфор.

Комфорот во секојдневието се докажа и на тестот на Citroen C3

Тест · Citroen C3 · Рутината не е во речникот на овој автомобил

Меката амортизација и тивката кабина исто така придонесоа за тестирањето на рутата Белви – Сарај во викенд и во работен ден да мине без напор

Модели на Citroen со целосно електричен или со приклучен хибриден погон

Citroën ë-C4 (50 kWh батерија), електромотор 100 kW (136 PS): просечна потрошувачка на струја: 15,6-15,3 kWh/100 km; CO2 емисија просек: 0 g/km; просечен досег при возење на струја 348-354 km

Citroën ë-Berlingo M (50 kWh батерија), електромотор 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 19,7-19,3 kWh/100 km; CO2 емисија: 0 g/km; просечен досег при возење на струја 279-285 km

Citroën ë-Berlingo XL (50 kWh батерија), електромотор, 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 20,0 kWh/100 km; CO2 емисија: 0 g/km; просечен досег при возење на струја 277-278 km

Citroën ë-SpaceTourer M (50 kWh батерија), електромотор, 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 26,1-24,6 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 213-225 km; CO2 емисија: 0 g/km

Citroën ë-SpaceTourer M (75 kWh батерија), електромотор, 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 27,8-26,2 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 304-322 km; CO2 емисија: 0 g/km

Citroën ë-SpaceTourer XL (50 kWh батерија), електромотор, 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 26,5-24,8 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 210-224 km; CO2 емисија: 0 g/km

Citroën ë-SpaceTourer XL (75 kWh батерија), електромотор, 100 kW (136 КС): просечна потрошувачка на струја: 27,9-26,4 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 303 – 320 km; CO2 емисија: 0 g/km

Citroën C5 X Plug-in-Hybrid 225 ë-EAT8 (системска моќност 165 kW/224 КС): потрошувачка на гориво: 1,4-1,3 l/100 km и 16,0-15,9 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 59-60 km (EAER); CO2 емисија, просек: 30-29 g/km

Citroën C5 Aircross Plug-in-Hybrid 225 ë-EAT8 (системска моќност 165 kW/224 КС): потрошувачка на гориво, просек во l/100 km: 1,5-1,4 и 15,9-15,6 kWh/100 km; просечен досег при возење на струја: 60-61 km (EAER), CO2 емисија, просек: 33-31 g/km

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Кина годинава ќе се продадат 6 милиони електрични автомобили

Toyota RAV4 со нови дисплеи во новата моделска година