Планот за Porsche да ги понуди своите акции на можните инвеститори, привлекува огромна заинтересираност на сцената, соопшти извршниот директор на Volkswagen Group и на Porsche, Оливер Блуме.
Привлекувањето на интересот од широк круг на инвеститори е од посебна важност, изјави Оливер Блуме, прв човек на групацијата Volkswagen, на местото на Херберт Дис, кој ја задржа и функцијата на извршен директор на спортската марка Porsche. Блуме не открива колкав е уделoт на акциите на Porsche, што групацијата планира да им го понуди на заинтересираните инвеститори при првичната јавна понуда.
Во видеоконференција за агенцијата Ројтерс, Блуме посочи дека само неколку инвеститори поставиле прашања околу неговата двојна функција во концернот. Тој цени дека било неопходно, директорот на групацијата Volkswagen да биде назначен и за директор на марка. „Доколку на бордот на групацијата нешто се разговара околу Porsche, јас ќе ја напуштам просторијата“, додаде Блуме, кој на 1-ви септември ја презеде функцијата на извршен директор на Volkswagen.
Стратешкото управување со групацијата и оперативното раководење со марката совршено се надополнуваат… според моите гледишта, спојувањето на двете нешта е неопходно
Оливер Блуме, извршен директор на VW Group и Porsche
Volkswagen во понеделникот соопшти, дека акциите во својата спортска марка Porsche, во текот на месецов или во почетокот на октомври ќе ги понуди на берзата. Некои инвеститори сепак критикуваат дека одлуката се донесува во погрешно време и се повикуваат на војната во Украина, како и на рекордната инфлација, што ги дестабилизира пазарите.
This week Volkswagen confirmed its intention to float shares in Porsche — an IPO that, if it comes off, would be one of the largest in recent European history. Analysts are valuing the company at anywhere between $60bn and $85bn. pic.twitter.com/K2IdsUkc4T
— Overlooked Alpha (@OverlookedAlpha) September 8, 2022
Дел од инвеститорите прашуваат и дали Блуме, кој од 2015 година раководи со Porsche, ќе биде способен да раководи на двете функции во исто време. Во своето прво интервју по најавата за првична јавна понуда на акциите на берзата, шефот посочи дека тој и директорот за финансии Луц Мешке, добиле позитивни одговори во разговорите со инвесторите во Франкфурт, Лондон и Њујорк.
https://twitter.com/CardanoMaladex/status/1567845255088844802?s=20&t=heW2UZ0rnZbUlmZXoKhk_Q
„Постои голема заинтересираност, и покрај условите на пазарот. Тоа е голем успех“, изјави Блуме, без да даде предвидување колкава вредност очекува да достигнат акциите на неговата марка. Врвниот автомобилски менаџер, на возраст од 54 години, посочи околу загриженоста на бизнис сферата за неговата двојна улога, дека понеделниците ќе ги минува во седиштето на Porsche, вторниците во канцеларијата на Volkswagen во Волфсбург, а остатокот од неделата ќе го распореди според потреба.
Porsche во првото тримесечје продаде 68.426 возила, четвртина во Кина
















