за

Porsche во првото тримесечје продаде 68.426 возила, четвртина во Кина

Во првите три месеци од годината, Porsche испорача 68.426 возила, што е за 5 проценти помалку од истиот период лани.

Во германската спортска марка се задоволни од резултатите во првото тримесечје: „Нашиот продажен персонал и дилерите сработија добро во првиот квартал, имајќи ги предвид вонредните услови за целата автомобилска индустрија“, изјави Детлев вон Платен, директор за продажба и маркетинг во Porsche AG. 

Повторното избивање на пандемијата во Кина и во други региони, како и отежнатото снабдување со чипови и материјали, па згора и проблеми во логистиката, ја ставаат автомобилската бранша пред голем предизвик. Развојот на продажбата се одвиваше различно од еден до друг регион. Во Европа, Porsche испорача 22.791 возила во првиот квартал и тоа е плус од 18 проценти. Успехот е уште поубедлив, затоа што продажбата во периодот од јануари до март лани исто така се одвиваше одлично. Пораснаа и испораките на домашниот пазар, со 6.925 возила или за 16 проценти повеќе од истиот период лани.

Во Кина, најголем единечен пазар за Porsche, спортската марка постигна 17.685 испораки. Поради избивањето на корона-вирусот, дилерите во некои региони мораа привремено да затворат, а во исто време требаше да се надминуваат и предизвиците во логистиката. Тоа доведе до намалување на испораките за 20 проценти.

Во регионот на Азиja и Пацифик, Африка и на Блискиот Исток се испорачани 28.991 возила. Во САД и покрај големите отежнувања во снабдувањето и транзитот, нови возила Porsche стигнаа до 13.042 клиенти на марката. Во истиот период лани, продажбата на Porsche постигна рекордна вредност.

Најголема побарувачка има за СУВ-моделите

Најголемиот интерес и натаму владее за СУВ-моделите. Од Porsche Cayenne се испорачани 19.029 возила, следен е Macan со 18.329 испораки. Целосно електричниот Porsche Taycan пристигна до 9.470 клиенти. Спортската икона 911 за три месеци постигна 9.327 испораки ширум светот. Panamera дојде до 7.735 испораки, гамата ја заокружуваат моделите 718 Boxster и 718 Cayman со вкупно 4.536 испорачани примероци.

Porsche AG
испораки
јануари – март
2021 2022 разлика
Свет 71.986 68.426 -5%
Европа 19.389 22.791 +18%
     Германија 5.957 6.925 +16%
Америка 20.468 16.644 -19%
     САД 17.368 13.042 -25%
Азија и Пацифик,
Африка и Близок Исток
32.129 28.991 -10%
     Кина 21.991 17.685 -20%

Карабината на дизајн-кулата на Porsche е завршена

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сцената вели едно, пазарот друго: BMW X7 е грд и се продава одлично

Tesla произведува во шест фабрики ширум светот