за

Карабината на дизајн-кулата на Porsche е завршена

По 14 месеци од отпочнувањето со изградбата на висококатницата на Porsche, на Porsche Design и на изведувачот Bülow AG е завршена основната градба на кулата во Штутгарт.

Впечатлива архитектура, разновидна содржина, вклучувајќи хотел и канцелариски простор, сето тоа ќе го нуди Porsche Design Tower во Штутгарт. Во состав на градбата влегува и новиот центар на спортската марка.

Новото архитектонско обележје на панорамата на Штутгарт непогрешливо ќе упатува на присуството на фабриката на Porsche во близина на градот. Во моментов се работи под полна пареа на изградбата и на внатрешното опремување на Porsche Design Tower.

Кулата практично е проект на дизајнерската марка Porsche Design, што нуди стилски и квалитетни производи за секојдневието. Директорот на Porsche Lifestyle Group, Јан Бекер: „Името Porsche означува перформанси – на тркачката патека, а сега и во реализацијата на новиот Porsche Design Tower. Стилската марка Porsche Design веќе 50 години создава икони во дизајнот на производите и со тоа ја проширува примената на начелата на Porsche надвор од автомобилскиот свет.“

porsche дизајнерска кула

Клучната улога на објектот секако е привлекување и угостување на фановите и на клиентите на марката Porsche. Отворањето е планирано кон средината на годината. Посетителите ќе бидат пречекани со најмодерните стандарди на Porsche.

Стаклената фасада ќе биде поставена за само неколку месеци

Во лето ќе биде завршено поставувањето на целосната фасада на објектот висок 90 метри. Поставувањето на стаклената фасада, почнувајќи од приземјето до деветтиот кат, се одвиваше истовремено со изградбата на карабината. Таму моментно се работи на внатрешно опремување.

Изведувачи и архитекти на проектот се Bülow AG, во тесна соработка со Porsche Lifestyle Group и со Porsche Deutschland. Новата кула на спортската марка ќе биде највисока градба во Штутгарт, покрај кулата Билоу изградена во 1992 година, кулата Колорадо и Skyline Living Tower.

Во состав на објектот влегуваат канцелариски простор и хотел

Во долните осум катови на кулата се изведуваат канцеларии на површина од 5.500 метри квадратни, коишто ќе ги користи Porsche Consulting GmbH. Тоа ќе биде главно седиште на консултантската куќа во состав на групацијата. Просторот од деветтиот до 23-от кат ќе биде во функција на хотел Radisson BLU Hotel со 168 соби. Одличните сообраќајни врски и големите простори за состаноци и настани прават хотелот да биде совршено место во градот, посебно за деловните гости. Од терасата на десеттиот кат ќе се прикажува прекрасна глетна кон центарот на престолнината на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Центарот на марката Porsche ќе се пресели во новиот објект кон средината на годината. Меѓу главните обележја се вбројува салонот со различни флексибилни модули, како и голема сервисна работилница, заедно со перална.

https://twitter.com/Porsche/status/1490748443265941507?s=20&t=fJiuKxH2Yhl_2udMemErMw

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прв нов алфа-модел по 2016 година: Alfa Romeo Tonale

Пешаците не ги сакаме, најдобро е сите да одат со автомобил?