за

Автомобилот што беше предобар да остане уникат

Jannarelly Design-1
Jannarelly Design-1

Jannarelly Design-1 требаше да биде остварување на сонот на еден човек, да создаде совршен автомобил за себе. Сето тоа добива дополнително на тежина, ако се знае дека човекот е Ентони Џанарели, дизајнерот на W Motors Lykan HyperSport. Место да остане уникат, автомобилот сега ќе се изработи во серија од 499 примероци.

Кога се создава автомобил по пример на италијанските спортски машини од 1960-те години, сигурно нема да недостига уживање во возењето. Jannarelly Design-1 е низок и широк, со совршен баланс меѓу оските и со погон назад. Основата ја сочинува кафез од челични и алумниумски цевки. Така се постигнува сензационална „леснина“ од 810 kg во комбинација со школка од композити, односно 760 kg доколку за истата се користи карбон.

Моторот е 3,5-литарски V6 од Nissan со 330 КС, доволно за спринт до темпо 100 за помалку од четири секунди

Антони Џанарели открива што го навело на идејата да го создаде Design-1: „Честопати ме прашуваа дали возам Lykan и колку повеќе го негирав тоа, толку повеќе се прашував каков автомобил би сакал да возам секојдневно.“ На еден авионски лет, тој почнал да прави скици од идниот автомобил. Тоа го забележал Фредерик Жулио, производител на глисери и делови од композити, исто така во Дубаи. Тие се здружуваат и ја основаат марката Jannarelly.

Идејата првично била да се изработи еден автомобил, лично за Ентони. Кога првите детали од возилото се појавија по социјалните мрежи, се покажа дека постои широк круг потенцијали купувачи на автомобилот. Тоа е приказната за автомобилот што место во еден примерок, сега ќе се изработи во 499 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

chevrolet corvette cerv 3 generacii

Chevrolet Corvette уште пред 60 години требаше да вози со средишен мотор

audi salon zeneva 19, продажба на автомобили во Швајцарија

Швајцарија масовно преоѓа на хибриди и електромобили, напушта дизели