Chevrolet Corvette уште пред 60 години требаше да вози со средишен мотор

chevrolet corvette cerv 3 generacii
chevrolet corvette cerv 3 generacii

Новата генерација на Chevolet Corvette првпат има средишно вграден мотор, но факт е дека Американците цели 60 години наназад вршеа експерименти со овој концепт, со намера тој да се примени во серија. Во осмата генерација на „Stingray“ влегуваат искуствата стекнати со серијата прототипи Chevrolet CERV и Aerovette.

Зора Аркус-Дантов, таткото на Corvette, уште во својата младост се тркал со автомобили со средишно вграден мотор, и тоа со легендарните тркачки болиди Auto Union Type C и D. Тој имал големи познавања во погонската техника, кои ги практикувал како тркач и инженер во подрачјето на автомобилизмот и аеронаутиката. General Motors го привлекол неговото внимание со оригиналниот концепт на Corvette, прикажан на „Моторама“ во 1953 година, во прочуениот хотел Валдорф Асторија во Њујорк.

Дантов почнува да работи за General Motors на 1-ви мај 1953 година. Една од неговите најрани заслуги е развојот на легендарниот Small Block V8, во мотор што ќе се вградува во првиот Corvette неколку години подоцна. Тој станува прв главен инженер за Corvette и го применува концептот на средишен мотор во неколку концепти, вклучувајќи го CERV I (Chevrolet Experimental Research Vehicle) од 1960 година. Во овој прототип биле тестирани седум различни погонски конфигурации.

https://photos.app.goo.gl/khnPETRzxqW7sd4x7

Во 1964 година следи CERV II, замислен како тркачки автомобил за Себринг, Леман и други патеки. Со конвертори на вртежен момент на предната и на задната оска, CERV II е прв автомобил во историјата, со средишно вграден мотор и погон на сите тркала – Дантов своевремено го патентирал овој изум.

https://photos.app.goo.gl/64WSqYcYG2MdvqTj6

Последните тестирања со средишно вграден мотор се вршат со CERV III во 1990 година. Овој концептен автомобил е изработен во соработка со Lotus. Уште тогаш се размислува концептот со средишен мотор да се применат во серија. Моторот е 5,7-литарски Small Block V8 со два турбокомпресори, со моќност од 650 КС.

https://photos.app.goo.gl/2d9fJXayKQxxqB927

Причините што оваа погонска конфигурација не влегува во серија се ограничувањата на големосериското производство. Покрај тоа, при тестирањето се појавувале проблеми околу ладењето, ограничениот простор за багаж и тесната кабина, гласната работа и неможноста да се изведе кабриолет.

Chevrolet Corvette само од рационални причини не преоѓаше на средишен мотор досега

Сите тие недостатоци се надминати со развојот на технологијата со текот на времето, така што осмата генерација на Chevrolet Corvette ги користи сите придобивки кои средишно вградениот мотор ги носи во поглед на возните својства.

Corvette по пример на Ferrari, со американски V8

https://youtu.be/G2078lxDXeo

Претходна објаваСветските патници Шуклев и Николов пречекани со почести во Пекинг
Следна објаваАвтомобилот што беше предобар да остане уникат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here