Во отсуство на веродостојна статистика за македонскиот пазар, ги објавуваме податоците најинтересните автомобилски пазари. Во Швајцарија во првото полугодие се регистрирани 157.136 нови автомобили. Големи промени има во уделот на „алтернативните“. Дизелите паѓаат, хибридите и електричните постигнуваат двоцифрен раст.
Силен тренд се развива меѓу швајцарските возачки и возачи. Возилата со алтернативен погон преземаат сé поголем удел од вкупниот пазар. Меѓу јануари и јуни, продажбата на дизели опаднала за 11,2 проценти. Во исто време, кај возилата со алтернативен погон има огромен раст од 68,2 проценти.
Според тамошните пазарни аналитичари, овој растечки тренд кај хибридите, плагин-хибридите и електромобилите, како и возилата на метан, се темели на постојаното ширење на мрежата од полначи за струја, но и на генерално позитивното расположение во земјата. За шест месеци, во Швајцарија се шпродале 16.700 „алтернативни“ возила. Нивниот удел во вкупниот пазар сега изнесува 10,6 проценти, наспроти 6,3 проценти лани.
Секој втор продаден електричен автомобил во Швајцарија го носи знакот на Tesla
Од електричните возила, најмногу се продаваат моделите на Tesla. Со вкупно 2.989 возила (+279,3%), секој втор електричен автомобил што е продаден во Швајцарија во првото полугодие носи знак на калифорниската марка. Најголемата заслуга за тоа ја има новиот Tesla Model 3.
Во алпската земја до крајот на јуни се продале вкупно 5.943 електрични автомобили и тоа е раст од 147,2 проценти. Покрај Tesla, тука влегуваат моделите на Renault, BMW, Hyundai, Nissan, Jaguar и други.
Продажбата на хибриди и плагин-хибриди е многу помасовна и исто така расте. До јуни се продале 10.237 автомобили со „две срца“, што е раст од 35,9 проценти.
Топ 10 Најпродавани марки во Швајцарија
(во првото полугодие од 2019, вредности во проценти – %)
|
# |
Марка |
Возила |
Промена |
Удел |
|
1 |
Volkswagen |
17.804 |
3,6 |
11,3 |
|
2 |
Mercedes-Benz |
12.720 |
-1,2 |
8,1 |
|
3 |
Skoda |
12.469 |
22,0 |
7,9 |
|
4 |
BMW |
12.050 |
-3,2 |
7,7 |
|
5 |
Audi |
8.974 |
-0,4 |
5,7 |
|
6 |
Seat |
7.280 |
13,3 |
4,6 |
|
7 |
Ford |
6.967 |
-11,0 |
4,4 |
|
8 |
Renault |
5.883 |
-22,6 |
3,7 |
|
9 |
Opel |
5.651 |
-14,9 |
3,6 |
|
10 |
Toyota |
5.471 |
8,0 |
3,5 |
















