Jaguar XE ќе спасува продажба со повеќе опрема и свеж изглед

Jaguar XE освежување

Вообичаено моделско освежување треба да ја поттикне слабата продажба на лимузината од средната класа на Jaguar. Покрај вообичаените дотерувања во надворешниот изглед и во кабината, како и додавањето неколку ставки плус во опремата, новото моделско годиште на Jaguar XE добива широкоаголна камера, којашто ја прикажува сликата во дисплејот во „средишниот ретровизор“.

Покрај тоа, конкурентот на Mercedes C-Class и Audi A4 е прв во класата што користи дизели кои ја исполнуваат строгата норма RDE2 за ограничување на емисијата на азотни оксиди. Таа ќе стапи на сила дури во јануари 2021 година.

https://photos.app.goo.gl/nsDCRyFgMg2BdyGs9

Во преработената средишна конзола се бирачот на степени SportShift и прекинувачот за програми за возење Jaguar Drive Control, по пример на купето F-Type. Воланот е преземен од електричниот I-Pace, вклучувајќи капацитивни прекинувачи.

Зголемената противвредност овозможува заштеда од околу 1.800 фунти на британскиот пазар

Неколку моделски варијанти се поевтини од претходно, според ценовникот за британскиот пазар. Jaguar D180 R-Dynamic S, на пример, чини £36,145, односно £670 поевтино од ланскиот XE R-Sport (со цена од £36,815). Новиот модел има и повеќе опрема во вредност од £1,100, такашто купувачите на крајот заштедуваат £1,770.

https://photos.app.goo.gl/kMeMVG2QGCcpYvBE8

Основното ниво сега вклучува автоматски менувач, бандажи од 18 инчи, кожени седишта со електрично местење, целосно диодни предни и задни светла, паркинг сензори напред и назад, камера и систем за следење лента. Неколку корисни ставки од опремата се реорганизирани во нови опционални пакети.

Плагин-хибрид или благ хибрид погон уште не се нуди во гамата на Jaguar XE

Понудата од мотори опфаќа дволитарски бензинец со 250 и 300 КС, како и дволитарски дизел со 180 КС и 430 њутнметри. Цената за основната моделска изведба на Jaguar XE на британскиот пазар изнесува 33.915 фунти.

https://photos.app.goo.gl/eqwEpkXKdKR3462MA

https://photos.app.goo.gl/CC77HikFwo8m6VvSA

Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка

Jaguar патува за Париз со осум генерации на XJ

Електричниот Jaguar I-Pace е како веган во куќата на стекот

Енди Мареј меѓу првите сопственици на електричниот Jaguar I-Pace

 

Претходна објаваKia e-Soul со душа вози на струја
Следна објаваPorsche пред 70 години првпат изложуваше во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here