Двократниот победник на Вимблдон, Енди Мареј, го исполни ветувањето дадено во март годинава, за време на Светскиот час на планетата Земја, дека ќе се префрли на електричен погон и стана еден од првите сопственици на Jaguar I-Pace
Возилото го испорача пилотот на Panasonic Jaguar Racing, Нелсон Пике Јуниор, воедно и колега амбасадор на Мареј од Светскиот фонд за природа. Британската тениска ѕвезда смета дека „сите треба да направиме мал чекор во насока на одржливоста на животната средина и да размислуваме за постапките кои можеме да ги преземеме во корист на нашата планета. Тоа е една од причините зошто избрав да го возам електричниот Jaguar I-Pace.“
Перформанси и динамика сигурно нема да му недостигаат на Сер Мареј во Jaguar I-Pace
При користење брз полнач со моќност од 50 киловати, батеријата на Jaguar I-Pace се полни до 80% за околу 1,5 час. Со полна батерија, овој кросовер што менува многу на сцената на електомобилноста, може да извози до 480 километри. Електричниот Jaguar подржува и приклучување на новите супербрзи полначи со моќност од 100 киловати, на коишто 80% наполнетост на батеријата се постигнува за само 40 минути.
Продажбата на Jaguar I-Pace веќе стартуваше на домашниот пазар. Вклучувајќи ги британските субвенции за електрични возила, цената изнесува 58.995 фунти, односно околу 67.000 евра.
















