за

Jaguar Land Rover инвестира 1,5 милијарда фунти во алуминиум

Идните модели на Jaguar и Land Rover ќе користат лесна алуминиумска платформа, која воедно ќе овозможи и значително зголемување на моделската понуда.

Новата платформа за чиј развој ќе бидат потрошени 1,5 милијарда евра ќе се користи првенствено за проширување на моделската гама на Jaguar. За реализирањето на платформата дополнително се отвораат 1.700 нови работни места. Првата моделска серија што ќе биде базирана на лесната платформа ќе биде лимузината на Jaguar од средната класа, чија пазарна премиера се очекува во 2015 година. Нови се и моторите кои ќе излегуваат од новата фабрика вредна половина милион фунти.

Следен модел од новата генерација ќе биде спортскиот теренец, кого Британците го најавија со студијата CX-17 од Франкфурт. Со оваа студија воедно се прикажува флексибилноста на новата алуминиумска платформа, односно можноста таа да се користи за модели од сите класи и во сите каросериски форми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault продаде 10.000 примероци од електричниот Kangoo

Седум први места за квалитетот на возилата на Toyota