Jaguar E-Pace достапен во „победничка“ изведба

jaguar e-pace checkered flag
jaguar e-pace checkered flag

Сега и најмалечкиот СУВ-модел на Jaguar е достапен во специјална изведба „Chequered Flag“. Таа се препознава по бандажите од 19 инчи во мат темно сива боја, по предниот браник од моделската изведба R-Design и по серискиот Black Pack. Изборот на каросериски бои го сочинуваат корис-сива, јулонг-бела и ексклузивната фотон-црвена боја.

По отворањето на вратите се забележуваат плочките на праговите со печат „Checkered Flag“. Кожените седишта се штепувани со црвена боја, заради контраст. Во специјалната серија следуваат и голем панорамски покрив, дигитални инструменти од 12,3 инчи и таван во црна боја.

Изборот на мотори го сочинуваат дволитарски бензинци и дизели, со моќност меѓу 150 и 249 КС. Погонот на сите тркала е стандард, исто како и деветстепениот автоматски менувач.

Го прочитавте нашиот тест на Jaguar E-Pace?

Jaguar E-Pace D180 test

Претходна објаваЕлектричен мотоцикл со ретро изглед, од Шведска и за 9.500 евра
Следна објаваDacia Duster во ограничена серија од 500 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here