за

Електричен мотоцикл со ретро изглед, од Шведска и за 9.500 евра

regent електричен мотоцикл
regent електричен мотоцикл

Мотоциклот што спојува погон на струја со изглед од 1970-те години доаѓа од Шведска. За првите 100 мотоциклисти што ќе го резервираат Regent No.1 е гарантирана цена од 9.500 евра, испораките стартуваат в година.

Шведската фирма Regent планира да започне со редовна испорака на својот електричен мотоцикл во мај следната година. Амбицијата на стартап-компанијата од северот на Европа е годишна продукција од 500 примероци. Електричните мотоцикли ќе се испорачуваат во Европа, САД и Канада. Компонентите пристигаат буквално од цел свет, завршната монтажа е во Шведска.

Мотоциклот со ретро изглед може да се нарача преку вебстраницата на производителот по цена од 9.500 евра. Regent No. 1 личи како класичните модели од ковот на Yamaha SR 500 од крајот на 1970-те години. Жичените тркала, лажниот резервоар и дебело тапацираното двојно седиште целосно го одвлекуваат вниманието од електричниот погон.

New item by Automedia MK / Google Photos

Електромоторот е сместен во главата на задното тркало и изгледа како куќиште на барабан сопирачка. Тоа сепак е задача на двата сопирачки дискови, со АВЅ. Крајната брзина изнесува 130 km/h, а досегот е 150 километри. Полнењето на батеријата трае меѓу 5 и осум часови, зависно од полначот што се користи.

Во светлото со класичен изглед се крие диодна техника. Дисплејот реагира на допир, има и навигација. Планот е во 2021 година да се понуди и посилна изведба.

https://www.instagram.com/p/Bs0yBPLALz6/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

бразил улица метеж

Бразил и Аргентина нови големи пазари за европските производители

jaguar e-pace checkered flag

Jaguar E-Pace достапен во „победничка“ изведба