Dacia Duster во ограничена серија од 500 примероци

dacia duster black collector
dacia duster black collector

На единаесеттиот голем пикник на Dacia, во последниот ден од јуни, присуствуваа 10.000 фанови на марката. Настанот се одржуваше покрај манастирскиот комплекс Шали, во близина на Париз.

Специјална серија во ограничен број примероци може да се најде и кај Dacia. Вечно популарниот Duster, на традиционалниот собир на љубителите на марката беше претставен во изведба Duster Black Collector. Таа ќе се изработи во само 500 примероци и ќе започне со испорака во септември.

Вообичаено за вакви прослави, од дополнителните активности се вршеше потрага по богатство, се тестираше новото моделско годиште на Duster 4х4 и се следеше шоуто на „талентите на Dacia“.

Како основа за изведбата Black Collector служи врвното ниво на опрема Prestige. Главното обележје се неколкуте стилски детали. Каросеријата е лакирана во црна металик боја, на неа се залепени ексклузивни ленти, а во кабината работи врвно озвучување од Focal. Картичка в џеб го заменува обичниот клуч, камери нудат глетка на сите страни.

Специјалниот модел ќе биде достапен само во изведба 4×2, со 1,3-литарски TCe со 130 КС. Повеќето примероци од серијата ќе се дистрибуираат на францускиот пазар. Првпат за Dacia, нарачките за возилото ќе се изведуваат само онлајн.

Претходна објаваJaguar E-Pace достапен во „победничка“ изведба
Следна објаваЕлектричната Honda прави возењето во град да биде уживање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here