за

Jaguar развива електричен кросовер: Уште еден против Tesla

Благородните автомобилски марки отпрво не ја сметаа конкуренцијата од Tesla за сериозна, но затоа сега се присилени да се бранат. Jaguar работи на кросовер на струја како одговор на Tesla Model X.

Jaguar ќе претстави кросовер со погон на струја како конкурент на Tesla Model X во 2017 година. Моделот со погон на сите тркала ќе има досег од околу 500 километри и ќе чини околу 85.000 евра. Како основа ќе се користи алуминиумската платформа од моделите XE и F-Type, а тоа значи и дека идниот електричен кросовер ќе биде базиран врз новиот F-Pace.

Дизајнот на идниот електричен кросовер ќе го преземе стилот од суперспортскиот C-X75 и ќе отстапува од стандардната линија на Jaguar
Дизајнот на идниот електричен кросовер ќе го преземе стилот од суперспортскиот C-X75 и ќе отстапува од стандардната линија на Jaguar

Изгледот на овој модел ќе се разликува од постоечката линија на Jaguar и како пример ќе се земе стилот од суперспортскиот C-X75, кој е една од автомобилските ѕвезди во новиот филм за Џејмс Бонд. Првото појавување на кросоверот во форма на студија може да се очекува веќе на салонот во Париз, следната есен.

Намерата на Jaguar е да се спротивстави на постојаниот успех на специјалистот за електрични возила Tesla Motors. Калифорнискиот производител им ги краде купувачите на етаблираните европски производители во престижниот сегмент. Штотуку претставениот Model X ќе ја одредува играта во сегментот на луксузните теренци. Од истата причина и Audi најави спортски теренец со електричен погон за 2018 година, а во исто време и Porsche ќе се вклучи со електричен модел во сегментот на спортските возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ја стартува последната етапа на „Експедицијата за подобри возила“

New Holland T7.315 е трактор на годината