за

Toyota ја стартува последната етапа на „Експедицијата за подобри возила“

Група од 28 членови на Toyota од цел свет ќе појдат на експедиција долга над 7.000 километри низ Аљаска и Канада, како последна етапа во мисијата што има цел автомобилите на јапонската марка да станат уште подобри.

Подолги ноќи, пониски температури и замрзнат терен ќе бидат придружници на тимовите на Toyota во „Even Better Expedition“. Група од 28 членови на интернационалниот тим на Toyota, на 18-ти ноември ќе ја стартува турата во должина од над 7.200 километри низ Аљаска и Канада. Со тоа ќе заврши 110-дневната етапа низ Северна Америка во рамките на оваа глобална иницијатива на Toyota.

Во турата низ Аљаска и Канада ќе учествува Toyota UUU, ултимативното теренско возило прикажано премиерно на Sema Show
Во турата низ Аљаска и Канада ќе учествува Toyota UUU, ултимативното теренско возило прикажано премиерно на Sema Show

По предлог на претседателот на компанијата, Акио Тојода, експедицијата по петте континенти започна во Австралија и продолжува во Северна Америка, во мисија што има за цел да ги обедини 330-те илјади вработени во компанијата и соодветно на името на експедицијата, Even Better, да придонесе автомобилите на Toyota да станат уште подобри.

Со возењето во најразлични екстремни услови, членовите на тимот на Toyota можат да ги доживеат вистинските перформанси на возилата, да разговараат со клиентите и подобро да ја запознаат актуелната моделска понуда на марката. Во летната етапа на турата низ Северна Америка, инженерите совладаа над 22.000 километри, од седиштето на Toyota во Тексас, преку густиот градски сообраќај низ њујоршките улици, до познатиот Пајкс Пик во Колорадо и до Долината на смртта во Калифорнија.

Експедицијата овозможува инженерите да ги искусат најразличните екстремни услови низ светот

Ever Better Expedition - Daytona Beach - Beach Drive Shoot, July 3, 2015
„Експедицијата за подобри возила“ ги води инженерите на Toyota низ сите екстремни услови на возење што корисниците ги доживуваат секојдневно

Недопрената природа на Аљаска ќе им постави нови предизвици на членовите на експедицијата и ќе ги инспирира за следните иновации. Од седиштето на Toyota во САД ја образложуваат идејата со експедицијата: „Преку учење од нашите клиенти, нивните природни средини и патишта, Toyota ќе продолжи да испорачува возила што подобро ќе им служат на нашите возачи.“

Во рамките на турата низ Аљаска и Канада, тимот ќе ги посети Фербенкс, Колдфут и фабриката на Toyota во Канада, каде што се произведуваат Toyota Corolla, RAV4, Lexus RX 350 и RX 450h. Посебна атракција во караванот ќе биде Toyota Ultimate Utility Vehicle (UUV). Станува збор за специјален автомобил со каросерија од Sienna поставена врз Tacoma, кој што беше изработен за годинешното шоу Sema. Единствено возило во караванот што ќе учествува во етапите низ сите пет континенти е Land Cruiser 200.

Како експедицијата ќе се тече до крајот на годинава, може да погледнете на www.ToyotaEverBetter.com.

https://youtu.be/AGJc797NdW4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Само „тревен“ автомобил може да ни го спаси воздухот

Jaguar развива електричен кросовер: Уште еден против Tesla