New Holland T7.315 е трактор на годината

На саемот Агритехника во германскиот град Хановер, тракторот на New Holland е прогласен за машина на годината. Тоа е изборот на 21 уредници на водечките публикации за агрикултура во Европа.

Производителот New Holland Agriculture на последниот саем Агритехника ја доби наградата за машина на 2016 година, за новиот трактор T7.315. Саемот што се одржува на секои две години во германскиот град Хановер е најголем саем за агрикултурна машинерија и опрема во светот.

LogoMdJ_4c_ENGLНовиот T7.315 се произведува во Базилдон, Велика Британија, каде што неодамна беа модернизирани монтажните линии и воведенинови технолошки процеси, со цел да се постигне висок квалитет на секој производ што излегува од фабриката. T7.315 е еден од двата поголеми и посилни модели на трактори што ја прошируваат понудата во серијата T7. Овие модели комбинираат моќ на голем трактор со димензии и лесно маневрирање на помал трактор.

„Машина на годината“ се доделува во 14 категории. Жирито е составено од 21 уредници од водечките публикации за агрикултура во Европа. Критериумите што решаваат во изборот се иновативност, пеформанси, продуктивност, оперативни трошоци, едноставно користење и комфор за корисникот. T7 се издвојуваше во конкуренцијата со иновативноста и предностите за клиентите.

new holland t7 traktor 2016 (2)

Претходна објаваJaguar развива електричен кросовер: Уште еден против Tesla
Следна објаваBentley Bentayga: Ексклузивна прва серија само за 608 купувачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here