Познатата тјунерска куќа специјализирана за моделите на Opel разви нова генерација на китови за зголемување на моќноста на веќе најмоќните изведби во гамата на Opel.
Инженерите на Irmscher секогаш наоѓаат простор за поместување на граничните подрачја намоторите и за оптимирање на постоечката основа. Користејќи го искуството стекнато на тркачките патеки, во последните неколку месеци во тјунерската куќа од германскиот Ремсхалден се работеше на китови за зголемување на моќноста на сите модели од семејството OPC. Со новите китови се зголемува моќноста на Opel Insignia OPC од 325 на 374 КС, на Opel Astra OPC од 280 на 322 КС, додека најмалиот модел Opel Corsa OPC, се уште може да се пофали со 220 КС, место стандардните 192 КС.
Како што соопштуваат од Irmscher, при развојот не се внимавало само на ослободувањето на моќноста и на долготрајноста, туку и на еднoставното вградување на китот. Комплетните китови чинат 549 евра кај овластените дилери на Irmscher.
















