за

Porsche 989: Несудениот прв Porsche со четири врати

Овој модел на Porsche требаше да биде првиот автомобил со четири врати од спортската марка, долго време пред Cayenne и Panamera.

Спортската марка од Цуфенхаузен планираше да го понуди Porsche 989 како прв модел со четири врати. Проектот сепак замре во 1991 година, затоа што шефовите тогаш уште не веруваа дека автомобилот ќе постигне позначаен успех на пазарот. За развој на моделот беше задолжен експертот Улрих Бец, кој го напушти BMW и почна да работи за Porsche во 1988 година. Откако Бец замина и од Porsche во 1991 година, престана и работата на проектот за „989“, несудениот прв Porsche со четири врати.

porsche 989 01938547908146

Се веруваше дека единствениот изработен прототип бил расклопен кусо време по откажувањето на проектот. Но, очигледно е дека сепак постои примерок од овој автомобил. Porsche 989 поседува мотор V8 со работна зафатнина од 4,4 литри, развиен во Audi, којшто на купето со четири врати и простор за четворица патници му обезбедува крајна брзина од 280 километри на час.

porsche 989 01938347908146Техничката основа потекнува од Porsche 928, еден од најзапоставените класични модели на марката. Експериментот воопшто не беше евтин. Porsche разви тогашни 600 милиони марки во развојот на купето со четири врати. Место 989, прв Porsche со четири врати беше спортскиот теренец Cayenne, па дури потоа следи Panamera. Многумина и денес сметаат дека 989 има поуспешна форма од актуелната купе-лимузина. Штета е што овој модел не успеа да доживее сериско производство и што не пројдоа ниту натамошните обиди за изведување на слична каросериска форма од следните купе модели на Porsche.

porsche 989 01938447908146

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia подготвува престижен спортски модел за 2016 година

Irmscher со вишок коњски сили за моделите OPC на Opel