за

Позери оштетиле Ferrari за слика на инстаграм – на личен профил

Позери оштетиле Ferrari за да објават на инстаграм – на личен профил
Позери оштетиле Ferrari за да објават на инстаграм – на личен профил

Тинејџери во Франкфурт оштетиле Ferrari вреден над 300.000 евра додека се обидувале да направат спектакуларни кадри со возилото. Законите во Германија се строги за оштетување автомобил, а казните се уште повисоки.

Овој случај, колку што е дрзок, толку е наивен. Во германскиот град Франкфурт на Мајна, тројца тинејџери добиле екстра идеја да искористат паркиран Ferrari 488 GTB, за да привлечат внимание на социјалните мрежи. Нема ништо лошо во тоа човек да се фотографира покрај автомобил вреден 300.000 евра. Но, лошо е ако почне да се оштетува возилото.

Младите почнале да се качуваат на Ferrari, се фотографирале по целото возило, дури има и сцена на којашто еден од тинејџерите стои на покривот. Тие не се исплашиле ниту по вклучувањето на светлата на италијанскиот суперавтомобил, што било програмирано од сопственикот во случај на потреси или слично. Во Германија вакви случаи претставуваат казнено дело.

Според законите во земјата, секое ненамерно или намерно гребење на возилото, подлежи на казна. Во случајов со скапиот Ferrari, и казните ќе бидат многу високи. Сопственикот на возилото е воедно член на најголемиот клуб на спортски автомобили во Европа, прочуениот „Edition 1“. Според неговата изјава за медиумите, покривот е вдлабнат, има и оштетување на хаубата. Штетата се проценува на 30.000 евра.

Тоа е голема сума, за којашто позерите на инстаграм ќе мора да се снаоѓаат. За наивноста во оваа случка да биде уште поголема, тинејџерите ги објавиле фотографиите на своите профили на инстаграм. На една од нив се гледаат и таблиците на возилото. Во меѓувреме е утврден идентитетот на еден од прекршителите. За кусо време ќе бидат познати и соучесниците. Оштетениот сопственик на Ferrari ангажирал и адвокат.

https://www.facebook.com/EditionOne/photos/pcb.2336317953337058/2338002976501889

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat ја основаше марката за микромобилност Mo

Seat ја основаше марката за микромобилност Mo

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA

Секое теренско возење во Mercedes почнува од GLA