Електрични комбиња се главни на салонот ИАА во Хановер

Renault ја лансира целосно електричната изведба од својот Trafic, едно од неколкуте достани возила со погон на струја што доживеаја премиера на салонот за товарни возила ИАА во германскиот град Хановер.

Со претставувањето на целосно електричната изведба од познатиот модел Trafic, Renault ја заокружи својата понуда од доставни возила со целосно електричен погон. Со овој чекор, Renault му парира на концернот Stellantis, којшто веќе подолго време располага со електрични верзии во сите класи на доставни возила.

Trafic располага со батерија од 52 киловатчасови, што дозволува досег до 240 километри. Електромотор со максимална моќност од 90 kW, има задача да пренесува товар до 1,1 тон и да влече приколка тешка до 750 килограми. Електричното комбе на Renault е претсавено денес пред новинарите, а јавноста ќе може да го разгледа возилото во живо веќе од вторник, кога салонот се отвора за публика.

Renault ја комплетира електричната гама од доставни возила, којашто досега се состоеше од малечкиот Kangoo и од големиот Master. Првиот се нуди во изведба на струја уште од 2010 година, значи уште во претходната генерација, додека големиот ван е достапен во електрична изведба од 2017 година.

Renault Trafic Van E-Tech

https://photos.app.goo.gl/GheUvcYUQrNdPjKP7

Подетални технички податоци уште не се објавени, исто како и цената за електричниот Trafic. Конкурентите од концернот Stellantis се нудат со две големини на батерија. Citroen, Fiat, Opel и Peugeot може да се изберат во изведба со помала и подостапна батерија од 50 kWh, за досег до 230 километри, како и во изведба со поголема автономија и батерија од 75 kWh, за досег до 330 километри.

Концернот Stellantis е чекор понапред од Renault и во тоа што неговите електрични ванови се достапни и во патнички изведби. Од Renault уште нема ниту потврда, дали патничката изведба на Trafic, исто така ќе биде понудена во патничка изведба.

Trafic Van E-Tech Electric е меѓу неколкуте електрични ванови што првпат ќе се појават пред јавноста, на салонот во Хановер, којшто последен пат се одржуваше во 2018 година.

Ford E-Transit Custom

https://photos.app.goo.gl/Aaanb3vucmfPDQLJA

Ford денес пред новинарите го претстави E-Transit Custom, доставно возило од средна класа, коешто имаше премиера во почетокот на месецов. Неговиот досег со батерија од 74 kWh изнесува 380 километри. E-Transit Custom може да се нарача во изведба со електромотор од 100 kW или 160 kW. Посилниот модел може да влече до 2.000 килограми.

Огранокот за доставни возила на Volkswagen го прикажа ID Buzz Cargo, товарна изведба на електричното комбе, што е современо толкување на култниот историски VW Bus, познат и како Typ 2 („бубата“ е Typ 1) или Bulli.

VW ID Buzz Cargo

https://photos.app.goo.gl/nHmGWF9NrH7MQVQS8

Карстен Интра, извршен директор на VW Commercial Vehicles, денес изјави дека ID Buzz е важен модел додека браншата преоѓа на електричен погон. Главнината од продажбата во делот на товарните возила и натаму отпаѓа на возила со дизел мотор. „Повеќе од 55 проценти од вкупната продажба на товарни возила на VW ќе бидат со целосно електричен погон до 2030 година,” изјави Интра на конференцијата во Хановер.

Доставните возила со чисто електричен погон учествуваат со 4 проценти во вкупната продажба на возила во секторот во Европа, во првата половина од годинава. Најголем удел има Stellantis, на којшто му припаѓаат 5% од пазарот

Доставната верзија Cargo постигтнува досег до 425 km со батерија од 77 kWh. Преднарачките стартуваа уште во мај, испораките ќе следат во текот на есента.

VW на салонот го прикажа и новиот Amarok, пикап со носивост до 1 тон, којшто е сестрински модел на Ford Ranger. Новата гернерација на Amarok е развиена во соработка со Ford, во рамките на стратешко партнетство меѓу двата производители. Продажбата ќе започне кон крајот на годината, на само неколку пазари.

Volkswagen Amarok

https://photos.app.goo.gl/1erwr1UUDG11mDYp8

Важно деби на салонот ИАА во Хановер оствари и Maxus Mifa 9, електричен минибус. Maxus е марка на кинескиот гигант SAIC и оттаму тврдат дека нивниот модел вози 520 километри со едно полнење. Тоа е сосем веродостоен податок, имајќи ја предвид батеријата од 90 kWh. Електромоторот постигнува максимално 180 kW. Тоа е прв модел што ја користи платформата Mifa на марката Maxus, наменета само за возила со погон на струја.

Maxus Mifa 9

https://photos.app.goo.gl/PdfEAZEVpJo7Rhgq9

Посетителите на салонот, главно претставници од компании со големи возни паркови, ќе можат да се запознаат и со вановите со погон на водород. Iveco, којшто отсега работи независно од италијанскиот CNH, прикажа прототип на големиот ван eDaily. Партнер во развојот е Hyundai. Ванот користи електромотор од 140 kW, досегот се движи до 350 km, а носивоста е до три тони.

https://photos.app.goo.gl/3BWdzpdFoygugqYw6

Hyvia, заедничка компанија на Renault Group и американскиот Plug, прикажа верзија со погон на водород од Renault Master. Моделот се нуди во фургонска, патничка и шасиска изведба.

Opel на Китка ја претстави гамата возила за работа и за веселби

Претходна објаваTesla годинава ќе продаде двојно повеќе возила во Германија
Следна објаваBosch предупредува да не се ставаат сите карти на батериите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here