за

Tesla годинава ќе продаде двојно повеќе возила во Германија

Околу 80.000 возила на Tesla се очекува да бидат продадени во Германија годинава, по отворањето на фабриката за монтажа на возила во Берлин.

Американскиот специјалист за електрични автомобили Tesla планира значително да ја зголеми продажбата на возила во Германија, најголем автомобилски пазар во Европа и најголем пазар за електрични автомобили во Европа.

Во март започна со работа фабриката за монтажа на електрични автомобили на Tesla во месноста Гринхајде, во близина на германската престолнина Берлин. Таму во моментов се врши монтажа на електричниот СУВ од средна класа Model Y.

„Нашата цел е секоја година да ја зголемуваме продажбата двојно, со тоа што во 2022 година ќе бидеме на околу 80.000 возила“, изјави менаџер од Tesla за германскиот Аутомобилвохе, сестринско издание на индустриското гласило Аутомотив Њуз.

Од јануари до август, Tesla продаде 24.734 возила во Германија. Во август, продажбата на американската марка се зголеми за близу 40 проценти, а соодветно се зголеми и пазарниот удел на марката на 2,7 проценти. Нивниот Model Y беше најпродаван модел воопшто на пазарот на приватни купувачи.

Tesla ја менува својата стратегија на продажба. Производителот првпат изгради објект во стил на салон за автомобили, во индустриската зона во Ној Улм, град меѓу Штутгарт (Mercedes-Benz) и Минхен (BMW)

Во следните години ќе се отвора сé поголем број салони. Различно од досега, продажбата, испораката и сервисирањето ќе се вршат во кругот на самите објекти. „Тоа е наш одговор на растот и на барањата на клиентите“, објави Аутомобилвохе, цитирајќи неименуван извор што е упатен во новите планови на Tesla.

Првата европска фабрика на Tesla во близина на Берлин постепено ја зголемува продукцијата, со динамика што менаџерите ценат дека „се одвива одлично“.

Додека расте продукцијата во новите фабрики во германскиот Гринхајде и во Тексас, Tesla очекува следната година да достигне продукција од 2 милиони автомобили. Во подолг рок, целата е американскиот производител да произведува по 20 милиони електрични возила секоја година.

Милион милји во Tesla, и осум сменети електромотори

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 Targa 992

VW ја цени вредноста на Porsche на 75 милијарди евра

Електрични комбиња се главни на салонот ИАА во Хановер