Германецот Хансјорг фон Геминген- Хорнберг верува дека е светски рекордер со најмногу возена Tesla во светот. Луксузниот Tesla Model S P85 има поминато еден милион милји, односно повеќе од 1,6 милион километри. Се очекува и Гинис да го запише ова достигнување во својата книга на рекорди.
Хансјорг фон Геминген – Хорнберг ги мина изминативе осум години во возење на својата електрична Tesla. Само за да докаже, дека погонот на струја работи во сите климатски услови, тој извозе 20.000 километри низ Европа. Првиот милион падна во 2019 година, кога Tesla Model S P85 извозе еден милион километри. Во изминативе две и пол години, Германецот во просек минувал повеќе од 200.000 километри годишно. Тој има возено во Кина, Шпанија, Белгија, Луксембург, Данска, Полска, Белгија, Словачка, Чешка, Хрватска, низ цела Европа.
Фон Геминген ќе продолжи кон следниот рекорд за електрични автомобили. Во интервју за веб-магазинот Дривен, тој ги откри потешкотиите со коишто се соочува. Проблем не е батеријата, туку електромоторите. Рекордерската Tesla Model S во моментов вози со осмиот електромотор. На пријатно изненадување, батеријата се покажала мошне издржлива. Во следните две години, Геминген очекува да постави рекорд со два милиони извозени километри. Тој се обратил во Tesla, посочувајќи на проблемот со електромоторите, меѓутоа не е најдено решение. Германскиот електро-рекордер размислува да се префрли на марката Lucid и со нивен автомобил да продолжи да поставува рекорди за електрични автомобили.
https://t.co/UyOkqXK8zR pic.twitter.com/Z7HzmibkGg
— Hansjörg von Gemmingen – Hornberg (@gem8mingen) June 17, 2022
Првиот електромотор издржал дури 778.000 километри, меѓутоа последните четири електромотори траеле само по 200.000 километри. Во моментов, Tesla Model S на Фон Геминген – Хорнберг вози со осмиот електромотор.
Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)