за

Каков избор на користен автомобил е Suzuki Vitara

Статистиката на ценетиот TUV ги опфаќа примероците од Suzuki Vitara стари меѓу 2 и 5 години. Таа само го потврдува тоа што веќе го знаеме за оваа марка.

Две категории на старост на Suzuki Vitara се опфатени во статистиката на дефекти што ја водат експертите на TUV, познатата организација за проверка на техничката исправност, вклучувајќи и возила. Градскиот СУВ уште е премлад за помасовно да се појавува на пазарот на користени возила. Но, овие бројки му годат и на моделот што се вади нов од салон.

Меѓу актуелната Suzuki Vitara и нејзината претходничка со додавка Grand не постои ниту техничка, ниту пак класна поврзаност. Денешната Vitara е на пазарот од 2015 година, и вистина е дека таа во понудата на Suzuki го пополнува местото на Grand Vitara, меѓутоа има значително покомпактна каросерија и во возење се однесува многу потемпераментно. Причината за тоа лежи во фактот што претходничката се базираше врз класична носечка рамка, значи имаше типична конструкција на теренски автомобил. Затоа, модерната Vitara можеше да биде значително смалена, а притоа да нуди споредлива просторност во кабината.

КОЈА Е SUZUKI VITARA · Со должина од 4,17 метри, Suzuki Vitara спаѓа точно во најпродаваната класа СУВ-возила, покрај Volkswagen T-Cross, Kia Stonic или Peugeot 2008. Просторноста е меѓу највпечатливите одлики на моделот. Дури и назад има доволно простор за седење, вклучувајќи и доволна висина на покривот. Назад останува багажник со мошне пристојна зафатнина од 385 литри, односно до 1.120 литри со соборена клупа, доколку се товари до долниот раб на страничните прозорци.

Безбедносната опременост е солидна. Се вградуваат и понапредни системи за асистенција, но за нив треба да се посегне по моделите со повисокото ниво на опременост. Секако дека и погон на сите тркала не недостига. Vitara е меѓу ретките модели во класата, што го нуди погонот на сите тркала. Исто како за системите за асистенција, за погон на сите тркала треба да се побара модел со повисоко ниво на опрема.

Првиот тест на Suzuki Vitara го објавивме во септември 2015 година, тогаш уште со 1,6-литарскиот мотор

ШТО МОЖЕ SUZUKI VITARA · Таа може комотно да ги превезе возачот и уште три возрасни патници. Квалитетот на возењето по терен пријатно ќе изненади многумина. Додека денес и во претходните неколку моделски години, Vitara вози со благ хибриден погон, па во меѓувреме и со самополнечки хибриден погон, моделот во првите години се нудеше со 1,0-литарски трицилиндарец и со 1,4-литарски четирицилиндарец. Со поголемиот мотор можеше да се избира или погон на сите тркала или автоматски менувач, додека еднолитарецот се комбинираше и со автоматик и со погон на сите тркала. Бензинецот од 1,6-литар и дизелот си заминаа од понудата во 2018 година, со големото моделско освежување.

КОЛКУ Е ИЗДРЖЛИВА SUZUKI VITARA · На супертестот на германскиот магазин Auto Bild на 100.000 километри, се случил само еден позначаен дефект, кога при возење по автопат, се откачило црево за турбонатполнењето и соодветно се смалила моќноста на моторот. На 19.786 километри било заменето лежиште на задно тркало, во рамките на гаранцијата. При вообичаеното расклопување по 100.000 километри, експертите забележале траги од корозија на задниот поклопец, но ништо критично.

За време на супертестот во Auto Bild, практично целата редакција на магазинот искажала одлични мислења за Vitara. Тестираниот модел со автоматски менувач постигнувал спринт до темпо сто за 8,8 секунди, што е за секунда и пол подобро од фабричките ветувања. Suzuki издаде само два сервисни повици. Едниот се однесуваше на примероците произведени до септември 2016 година, кога се менуваше контролната светилка за работата на моторот. Вториот повик беше спроведен за моделите произведени меѓу октомври и ноември 2015 година, во чијшто рамки беа заменети заврките на задната оска.

Моделското освежување во 2018 година донесе неколку зафати во изгледот, но и нови мотори. На тест го возевме прво моделот со 1,0-литарски турбо бензинец

Suzuki Vitara 1.0 Test

Од германскиот TUV, што уредно ги бележи дефектите кај возилата што доаѓаат на технички преглед, даваат одлични оцени за издржливоста на Suzuki Vitara. По одделни подрачја, забелешките на експертите се следниве:

ПОДВОЗЈЕ

Корозијата не е проблематична тема Vitara. Истото важи и за погонските оски, како и за водењето на тркалата. Поплаките на техничарите при проверка на возилото на технички преглед остануваат ниско под просекот. Само кај незначителен број возила се јавуваат проблеми со пружините или амортизерите, како и со управувањето и со зглобовите.

СВЕТЛА

Светлата се само малку „потемно“ подрачје на Vitara. Техничарите имале забелешки за предните и задните светла почесто од просекот. Наспроти тоа, собореното светло и трепкачите работат беспрекорно.

СОПИРАЧКИ

Vitara се покажува мошне примерна во ова подрачје. Дејството и рамномерноста на паркирната сопирачка минуваат без критика, а истото важи за сопирачките водови и црева. Сé најдобро за сопирачките. Поплаките за дисковите се под просекот, а исто и дејството на ножната сопирачка е без проблем.

ПРОТЕКУВАЊЕ МАСЛО, ИЗДУВ

Проверката на чистотата на издувните гасови минува без забелешки. Во поглед на протекување масло, техничарите пријавиле одреден број случаи, но тоа е далеку под просекот во класата. Кај моделите од постарата категорија треба да се провери во каква состојба е издувниот систем, но исто како и за сите подрачја, нема причини за паника кај овој издржлив автомобил.

ЗАКЛУЧОК НА ЕКСПЕРТИТЕ НА TUV

СУВ-моделот од јапонската марка докажа уште еднаш дека бројот на возила што немаат ниту еден дефект е далеку поголем отколку просекот, а во исто време и бројот на возила со посериозни дефекти е помал од просекот. Единствено подрачје на коешто треба да се посвети внимание при разгледување користен примерок се светлата. Има и случаи на протекување масло, но и тоа е далеку под просекот. Во целина, забелешките за компактниот СУВ гледано статистички се на мошне ниско ниво.

СТАТИСТИКА НА ДЕФЕКТИ НА TUV · SUZUKI VITARA

Вредностите се во проценти на возила со дефекти во наведената функција или склоп. Вредностите во средната колона се однесуваат на просекот на дефекти на сите возила од класата во наведената функција или склоп. Со црвена боја се нагласени подрачјата во коишто Suzuki Vitara е послаба од просекот, односно има поголем процент на дефекти.

СОПИРАЧКИ

Дел / Недостаток Години Просек Suzuki Vitara
Работа на ножната сопирачка 3 0.1 0.1
5 0.2 0.2
7 0.4
9 0.7
11 1.2
Работа на паркирна сопирачка 3 0,1 0,0
5 0,2 0,0
7 0,4
9 0,9
11 1,4
Сопирачки водови 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,1
9 0,3
11 0,8
Сопирачки црева 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,1
9 0,1
11 0,3
Сопирачки дискови 3 0,7 0,3
5 1,4 0,9
7 2,0
9 2,4
11 2,8

ПОДВОЗЈЕ

Водење на тркала 3 0,2 0,0
5 0,7 0,1
7 4,5
9 3,0
11 5,0
Пружини / Амортизери 3 0,1 0,2
5 0,4 0,1
7 1,1
9 2,4
11 3,7
Погонски оски 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,0
9 0,1
11 0,1
Управување 3 0,0 0,1
5 0,0 0,1
7 0,1
9 0,2
11 0,4
Зглобови 3 0,0 0,1
5 0,1 0,0
7 0,4
9 0,9
11 1,3
Корозија, пукање, лом 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,0
9 0,1
11 0,2

СВЕТЛА

Соборено светло 3 1,4 0,9
5 2,2 1,4
7 3,6
9 4,8
11 6,6
Предна сигнализација 3 1,0 1,9
5 1,5 2,6
7 2,1
9 2,8
11 3,1
Задна сигнализација 3 0,4 0,5
5 0,9 1,4
7 2,5
9 4,3
11 7,1
Трепкачи 3 0,1 0,0
5 0,2 0,1
7 0,4
9 1,4
11 2,2

МОТОР, ИЗДУВ

Течење масло од мотор / погон 3 0,4 0,4
5 1,0 0,9
7 2,1
9 4,7
11 7,0
Електроника, тест на издув 3 0,2 0,0
5 0,5 0,1
7 0,7
9 1,1
11 1,8
Издувен систем 3 0,0 0,0
5 0,1 0,2
7 0,6
9 1,5
11 3,0

Третиот тест на Suzuki Vitara го извозевме со 1,4-литарски турбо бензинец со благ хибриден погон

Како Suzuki Vitara ја укина индустријализацијата на секојдневието

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почна производството на електричниот Volkswagen ID. Buzz

Милион милји во Tesla, и осум сменети електромотори